1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Законот за јавна администрација – само козметика?

Може ли со закон да се деполитизира државната администрација, во која секој ден, се‘ повеќе се вработуваат т.н. партиски војници–клучна дилема околу која спорат пратеници, експерти, власта и опозицијата во Македонија.

default

Парламентарците и експертите полемизираа во Собранието

„Да дојдеме заедно до едно добро законско решение со кое што ќе се гордееме“, рече пратеничката Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ.

„Многу повеќе е важен оптимизмот на граѓаните, но за жал кај нив веќе не го гледам“, коментираше Роза Топузовска од ЛДП.

Оваа собраниска полемика меѓу пратеничките Бонева и Топузовска не го спречи Собранието да ја отвори јавната дебата: каков закон за државни службеници и‘ е потребен на земјава? Денешните експертски сугестии ги слушнаа и власта и опозицијата, што треба до 15 септември да се усогласат со консензус, да се донесе четвртиот од законите на т.н. европска агенда, побарани од Брисел.

„Надминувањето на процесот на партизација на јавната администрација инсистира ние да го промениме моделот, односно од систем на работни места, да преминеме на систем на кариера, што значи дека овој закон е само една

Symbolbild Bürokratie p178

Политизирана администрација не оди во прилог никому

козметика. Ако сакаме суштинска форма, ако сакаме навистина да ја департизираме јавната администрација, ние треба да го промениме моделот“, вели универзитетскиот професор Борче Давитковски.

Нема уникатна технологија како да се департизира администрацијата

Во собраниската дебата, сомневањата во квалитетот на јавните услуги и човечките ресурси добија и меѓуетничка конотација, особено квалитетот на кадрите од албанската етничка заедница, кои забрзано се примаат во владините институции и локалната власт за остварување на целите на Рамковниот договор.

„Ако имаме политичка волја реално да ја деполитизираме државната администрација, не е проблем, експертите седнуваат за два-три дена и ќе направат еден тест содветен на нашите услови, бидејќи немате во светот уникатна технологија со која може да се направи деполитизација и департизација на јавната администрација“, кажа универзитетскиот професор Мерсел Биљали.

Вицепремиерот за евроинтеграции, Васко Наумоски, пред стручната јавност денеска (27.08.2009) кажа: „Секако дека една политизирана администрација не оди никому во прилог и дека секоја политичка елита што ќе се реши да ја злоупотребува администрацијата за свои политички цели, ќе ги почувствува негативните придобивки од тој концепт во оној момент кога ќе стане опозиција.“

Значителното стегање на буџетот што се најавува за следната седмица со одлука на владата и Собранието, веројатно ќе влијае на сопирање на приемот во државните служби, кои во последните 5 години, од 120 илјади пораснаа за 30 илјади, за што се троши една третина од парите од државната каса.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM