1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Законот за јавна администрација пред финиш

До денеска (25.08.09) е рокот опозицијата да предложи конкретни измени во Законот за државни службеници, последниот од четирите проекти на кои инсистрира Европската комисија за позитивен извештај за Македонија.

default

Македонското Собрание

Владата, пред се‘, тестира колку СДСМ е подготвен за консензуална поддршка за овој закон. Со него ќе се регулира приемот и самостојноста на квалитетна администрација, која нема да биде подложна на партиски тортури. Сите веруваат во таквата шанса, но реалниот живот вели нешто друго:

„Ние сакаме закон со кој што ќе добиеме позитивен извештај и со кој ќе овозможиме деполитизирана, департизирана, мала, ефикасна државна администрација“, изјави Цветанка Иванова од СДСМ, откако го слушна оптимизмот на министерот Михајло Маневски во одбраната на последната верзија на Законот за државни службеници. Законот пред околу три месеци беше повлечeн од страна на владата, а потоа беше вратен во собраниска процедура само со козметички измени.

„Мислам дека сега, со измените и дополнувањата што ги правиме, постигнуваме една висока цел на способна, ефикасна и одговорна државна администрација“, изјави Маневски.

Рамноправна застапеност на Албанците

Законот за државни служнбеници ќе се применува по една година, што создава недоверба дека во тој период власта ќе ги задоволи своите партиски војници со некритичен и агресивен прием во државните служби. Затоа, пратеничката Мирјана Секуловска сугерира: „Приближувајќи се кон Европската унија ќе мора да

Mazedonischer Justiz Minister, Mihajlo Manevski

Маневски: „Ќе добиеме способна и одговорна државна администрација“

одговориме и на тоа прашање - намалување на државната администрација. Значи ќе бидеме во ситуација луѓе кои биле спремани во таа државна администрација, да се најдат на улица, за сметка на сосема нови вработувања и сосема нови кадри. Прво, треба интерен оглас да видиме дали имаме ресурси внатре во државната администрација.“

Владејачката Демократска унија за интеграција успеа да и‘ наметне задача на Агенцијата за државни службеници, која врши прием и валоризација на квалитетите во јавниот сектор и адмнистрацијата, да се почитуваат начелата на рамноправна застапеност на Албанците при секој распишан конкурс.

„Спомната е само првичната и соодветна застапеност, меѓутоа не е правично определена“, изјави Флора Кадриу, од од опозициската Нова демократија, додека Тахир Хани, од владејачката ДУИ, контрираше: „Исполнувањето на духот на Рамковниот договор не може да се реши со внатрешните конкурси, условно да кажам, духот на Рамковниот договор се реализира со надворешните, јавните конкурси.“

Партизираната администрација е неподнослив товар

Законот за државни службеници се носи под притисок на Европската унија, чии критики се насочени кон агресивната партизација на администрацијата во Македонија, што со секоја смена на власта се шири до неподнослив буџетски товар.

„Поради отсуство на добри резултати во стопанството, луѓето наоѓаат решение за вработување во јавната администрација. Поради тоа, тие влегуваат во партиите, партиите ги вработуваат во јавната администрација“, оценува професорот Марија Зарезанкова од ФОН- универзитетот во Скопје.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска