1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Законот за отказ во Франција ќе биде спроведен

Доминик де Вилпен

Доминик де Вилпен

Францускиот премиер Доминик де Вилпен најави дека ќе го спроведе во пракса донесениот закон за продолжување на приправничкиот статус за младите вработени, наспроти бројните протести ширум земјата. Според законот претпријатијата ќе можат да ги отпуштаат приправниците без обврски кон нив дури до две години по приемот на работното место. Во знак на протест против предвидените мерки на владата, протести имаше во повеќе француски градови, а неколку стотини студенти се забарикадираа и во познатиот универзитет Сорбона. На викендот полицијата насилно ја растури протестната манифестација, на што студентите најавија нови масовни протести в четврток.