1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Законот за млади бранува наголемо

Во изготвување на Предлог законот за млади треба да учествуваат поголем број на млади, а Собранието треба тоа да им го гарантира-гласи ставот на 39 младински организации. Тие сметаат дека во Предлог законот има слабости.

default

Младинските организации во Македонија сметаат дека во Предлог законот за млади има многу слабости и недоречености, а младите не учествуваат во неговото донесување. На денешната (15.09) трибина на Младинскиот образовен форум (МОФ) во Скопје, дебатираа пратеници, претставници на партиските подмладоци на политичките партии и невладини организации.

Наметнати беа неколку прашања: Дали организирањето на младите треба да биде уредено со закон? Дали законот гарантира транспарентност и вклученост на младите во креирањето на младинските политики?

Претставниците на младинските организации се на мислење дека Законот за млади е потребен, но дека е неопходно да претрпи и измени.

Добро е што после 20 години почнува да се креира закон за млади, но и да се зборува за младинските права, вели Дејан Докузовски од МОФ. Тој смета дека законите кои се носат треба да бидат квалитетни:

Mazedonien Land und Leute Studenten in Skopje

„Она што е особено важно е фактот дека  иницијативата сама по себе не значи дека е и најдобро решение. Носењето на неквалитетни закони ја дуплира работата. Законот ни‘ е потребен на сите и ние со тоа се согласуваме, но потребни му се големи измени“, вели Докузовски.

Ваков закон ни‘ е многу потребен, иако слушнавме и добри аргументи зошто тој не треба да се донесе, вели Даниел Калајџиски од невладината организација ХЕРА:

„Мојот став е дека законот треба да се донесе, бидејки ние сме земја која пред самојстојноста немала одредена демократска практика на вклучување на младите во донесувањето на какви било одлуки. Овој закон само ќе го стимулира учеството на младите.“ 

Претставникот на Социјалдемократската младина на Македонија Стефан Богоев беше со низа забелешки на предлог законот:

„Како прво неговото изготвување е нетранспарентно. Сметам дека се‘ ова што се одвивало зад затворени врати, во Министерството за правда и во Агенцијата за млади и спорт, треба да престане. За да се донесе еден ваков закон треба да се отвори поширока политичка дебата во која ќе бидат вклучени и младите, вели Богоев.

„После 20 години се направи обид да се дефинира позицијата на младите со законски рамки“, рече Стојан Лазаров од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи: “Овој закон треба што побрзо да почне да функционира.“

Tetovo, Mazedonien

Пратениците, кои учествуваа во оваа дебата, претставници на различни политички опции, многу се разијдуваа во мислењата околу донесувањето на овој закон.

Павле Трајанов од Демократскиот Сојуз смета дека има потреба да се донесе закон за млади, иако е со мислењедека законот има крупни недостатоци:

„Добро е што владата предлага закон за млади бидејки ќе бидат подобро организирани, ќе можат на автентичен начин да ги презентираат своите интереси.“

И Лилјана Поповска од ДОМ со сличен став. Таа истакна декаЗаконот за млади ќе придонесе за соработка на младинските организации со институциите.    

Претставниците од опозициските партии главно го критикуваа законот за млади. Ивон Величковски од Либералната партија вели дека законот за млади е лоша копија на законот од Хрватска и БиХ, додека пак Тања Томиќ од СДСМ смета дека не треба да има закон за млади:

„Она што ние сметаме дека им е потребно на младите во Македонија е национална стратегија, која ќе им ги решава проблемите и прашањата што ги засегаат. И тоа што е можно побрзо, наместо да губиме време со носење акони, за кои  под знак прашање е  нивното имплементирање.“

 

Автор: Владимир Калински

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска