1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Законот за лустрација не се спроведува

Зошто не се отвораат досиејата за да се дознае кој од функционерите, поранешни или сегашни, и кој од врвните политичари биле или се соработници на тајните служби?

default

Во чиј интерес е кочење на спроведувањето на законот за лустрација?

Ни десет месеци по донесувањето на законот, власта и опозицијата во македонскиот парламент не можат да се договорат околу тоа - кој да ја води парламентарната комисија што треба да го спроведе законот за лустрација. На вториот јавен конкурс за членови на парламентарната комисија се пријавени шеесетина универзитетски професори, историчари, новинари, екс пратеници и независни експерти. Пратениците сеуште спорат околу тоа – дали со парламентарната комисија да ракводат кадри од опозициониот СДСМ или од владеачката коалиција на ВМРО ДПМНЕ.

Кога се носеше законот за лустрација, сите зборуваа наголемо за „демократски чекор“. Постои сомневање дека пред изборите напролет, владеачките партии не сакаат да се реализира т.н. „процес на прочистување од кодошите“, кои и натаму се инфилтрирани во јавниот и политичкиот живот. Отворањето на досиејата не го посакуваат ниту тајните служби.

Според непотврдени информации, во македонските полициски архиви се закопани неколку илјади досиеја на тајни кодоши, кои како личности од јавниот политички и културен живот, биле доставувачи на информации или агенти на тајните служби. Македонија е речиси последна транзициска земја која не го спроведува законот за лустрација.