1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Законот за заштита од пушење не го даде посакуваното

31 мај е Светски ден за борба против пушењето. И покрај тоа што во Македонија има закон за заштита од пушење кој предвидува целосна забрана на пушењето во кафеани, ноќни барови, диско-клубови - резултатите се недоволни.

default

Македонија е втора земја во Европа по број на пушачи. Годишно се консумираат околу 11 илјади тони цигари, што значи дека во просек еден жител на земјата пуши по петипол килограми цигари годишно. Само за цигари лани се потрошиле рекордни 62 милиони евра, што е за 50 проценти повеќе во однос на 2008-та.

Ваквите рекордни податоци Македонија ги регистрира во услови кога во земјата важи закон за заштита од пушење кој предвидува целосна забрана на пушењето во кафеани, ноќни барови, кафе-барови, диско-клубови.

Угостителите се жалат дека законот не ги дал очекуваните резултати. Претседателот на Туристичко угостителската комора Феркан Бербери, предупредува дека законот не ги дал очекуваните резултати. Бројот на

Mazedonien Land und Leute Mann und Frau auf Parkbank

Македонија е втора земја во Европа по број на пушачи

пушачите не се намалил, а во исто време се јавиле и нерегуларностио во работењето на некои од угостителските објекти, за кои вели дека владата ги толерирала.

10 проценти пушачи се помлади од 15 години

Инаку, дел од граѓаните велат дека законот им пречи и влијаел да намалат со пушењето. Свесни се дека станува збор за лоша навика, но тешко се откажуваат. Светската здравствена организација акцентот на годинешниот ден за борба против пушењето го става на смртоносните ефекти кои произлегуваат од злоупотребата на тутунот, особено кај жените и младите девојки. Оваа лоша навика предизвикува повеќе кардиоваскуларни болести од кои страдаат и пасивните пушачи. Пулмологот Деска Димитровска објаснува дека речиси сите пациенти, кои се жалат на тегоби на респираторните системи доцна доаѓаат на прегледи. Во такви случаи, според нејзе, лекарите можат да сторат малку за да им помогнат. Инаку, според податоците, околу 10% од пушачите се помлади од 15 години.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска