1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Законот за амнестија ги подели граѓаните во Тајланд

Тајландскиот парламент го усвои спорниот закон за амнестија и покрај жестоките протести во земјата.

Со Законот за амнестија е предвидено амнестирање на сите политички криминални дела направени од 2006 до 2013 година. „За“ Законот за амнестија гласаа 310 пратеници и ниту еден не се изјасни „против“. Претходно, салата ја напуштија пратениците на опозицијата. Сега за законот треба да се гласа и во Горниот дом на парламентот - Сенатот.

Илјадници граѓани синоќа (31.10) протестираа на улиците на Бангкок, обвинувајќи ги пратениците дека со новиот закон ќе бидат ослободени сите учесници во судирите во Тајланд во тој период. Во судирите меѓу приврзаниците и противниците на премиерот Таксин Шинаватра, кои почнаа по воениот удар во 2006 година, најчесто имаше жртви. Шинаватра, кој живее во Дубаи, де факто е лидер на актуелната Влада, која е предводена од неговата сестра Инглук Шинаватра. Противниците на поранешниот премиер, кои се осудени на две години затвор поради злоупотреба на ингеренциите, со амнестијата можат да се вратат во политиката.

Законот за амнестија ќе го ослободи од одговорност и поранешниот премиер Абхисит Веџаџива, против кого е подигнато обвинение за крваво задушување на протестите во 2010 година, при што загинаа 92 лица.

Поврзана содржина