1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Студирање во Германија

Закони, параграфи, акти ... како изгледа германскиот правен систем?

Студентите по право надвор од Германија, имаат можност на универзитетот во Мајнц да посетуваат предавања на катедрата за правници дипломирани во странство. Таму може детално да се запознаат со германскиот правен систем.

default

Автомобили, прехранбени производи или компјутери - многу фирми во меѓувреме имаат изградено меѓународна мрежа, така што постојано се наметнуваат некои правни прашања. Па оттука добро образованите правници кои дополнително познаваат и странски јазици се барани на пазарот на трудот.

Deutsches Recht für im Ausland graduierte Juristen: Olena aus der Ukraine und Gergana aus Bulgarien

Олена и Гергана го изучуваат германското право

Студентите правници од странство имаат можност во Мајнц детално да се запознаат со германскиот правен систем. Во моментов таму се запишани 45 студенти од целиот свет, меѓу нив и 23 годишната Олена од Украина. „Последно научивме, дека малолетни лица не смеат да склучуваат договори. Но, мислам дека во одредни услови сепак смеат. Тоа мора да е напишано некаде.“

„Да, тоа е во овој параграф 110 поттикнување на продуктивноста со сопствени средства. Во таков случај договорот важи.“ Олена и нејзината колешка од Бугарија, Гергана, учат заедно. Вo конкретниов случај го разгледуваат германското право за склучување договори. Тоа во некои работи се разликува од правната регулатива во татковината на Олена, Украина. Згора на тоа и правничкиот јазик е посебна институција: „Во секој случај по предавањето мора уште еднаш да го прочитаме она што сме го научиле. Понекогаш и го преведуваме текстот, оти не разбираме некои зборови. Но по неколку часа и ние стануваме професионалци.“

Symbolbild Jura Jurastudium Juristen Gesetze Recht Flash-Galerie

А кога странските студенти не можат да ги решат отворените прашања се обраќаат до туторите, кои се грижат за студентите од странство. На почетокот Олена честопати им се обраќаше. Добрата грижа за студентите беше и причината Олена да го одбере Мајнц, оти вакви студии за професионална надградба има и на други факултети: „Мајнц ми одговара оти е многу убав град, згрижувањето е сосема добро и се’ е добро организирано.“

Впрочем во канцеларијата за згрижување на странските студенти, младинците добиваат информации важни за нивниот престој во Германија: „Тоа е нашата прва помош, во секој момент можеме да напишаме имејл или да се јавиме и да поставиме прашања, особено на почетокот имаме многу прашања.“

Едно од тие прашања е кои предмети се задолжителни: „Она што за мене беше важно е што имаме можност самите да ги определиме предметите, на пример мене не ме интересира казнено право, и затоа се ориенирам кон цивилно право.“

Доброто образование отвора нови перспективи

Deutsches Recht für im Ausland graduierte Juristen

Олена во библиотека

За време на испитите Олена е во библиотека, разменува информации со колегите, си препорачуваат литература. Во библиотеката на правниот факултет е тивко, се слуша само звукот на комјутерите.

Студирањето на законите и судските пресуди во Германија за Олена се исплатеше. Преку интернет најде пракса во правниот оддел на фирма за софтвер во Франкфурт, активна на меѓународно ниво: „Се разбира на фирмата и‘ е потребна поддршка од некого од странство, оти тоа е сосема поинакво право. За меѓународните односи се’ разбира е многу важно. Втората работа е јазикот. Зборувам руски, украински, англиски и германски: овие познавање се од помош.“

По два месеци во фирмата Олена доби и продолжување на договорот. Нејзин следен план е престој во Англија, да ги освежи познавањата на англискиот јазик. Потоа се враќа во татковината. „Радо би работела во Русија или во Украина во фирма која има контакти со Германија, каде ќе можам да ги употребам познавањата на германскиот правен систем и јазичната умешност. Но се’ зависи од тоа каде ќе најдам добра работа. Потпирајќи се на моето искуство најважна е целта, тогаш може да се најде работа и таа да причинува задоволство.“

Автор: Ана Брокдорф/ Александра Трајковска

Редактор: Борис Георгиевски

Поврзана содржина