1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Заколнатите девици меѓу традицијата и модерната

Постепено оваа традиција изумира во Албанија, но поединечни случаи се’ уште има. Станува збор за жени кои живеат како мажи, за да можат да ги уживаат слободите на мажите.

Патуваме кон планините на северот на Албанија. Во селата кај Тропоје речиси никогаш не доаѓаат странци.

Овде до денес владеат архаични традиции - како на пример крвната одмазда. Овде е во прашање честа, семејството и традицијата.

Во потрага сме по жени, кои кога биле млади, пред повеќе децении, донеле животна одлука. Станува збор за жени, кои во овој див регион живеат живот на мажи.

Тие ретко зборуваат, затоа побаравме помош од албанскиот Комитет за помирување. Обид за приближување кон овој етнолошки феномен.

Заколнати девици. Или маж-жени. Тие се одлучиле да не се омажат, да не формираат семејство и да ја преземат патријархалната улога на шеф во семејниот клан. Феномен во некои балкански земји како Албанија, а непознат за другиот дел на Европа.

Овде, во албанските планини на улиците - само мажи. И неколку крави.

Zentrum von Tirana Albanien

Тирана

Во Камаз - предградие на главниот град Тирана.

Денес многу луѓе од премногу сиромашниот север на Албанија си ја бараат среќата овде в град. Пронајдовме еден од нив - Шкуртан.

Шкуртан сака да одиме во кафуле, седнуваме во агол, повеќе како сокриени.

Маж-жени во Албанија има со столетија.

„Бев многу млад. На четири или пет години почнав да се однесувам како момче. Носев момчешка облека. Тоа брзо сите го забележаа. Во почетокот е само идејата за живот како маж. Потоа го правиш тоа. Никој не те принудува. Нема никакви обврски - тоа е прво само желба. Но, потоа тоа стана мојот пат, оти сакав да бидам слободен, слободно да зборувам, да останам слободен!“, вели Шкуртан Малај, жена што живее како маж

Да се биде слободен - тоа на северот на Албанија меѓутоа беше можно само во машка облека. И осамен, се’ до денес, со повеќе од 70 години.

И сепак, во оваа земја се менува нешто во однос на архаичните закони. Албанија повторно зборува за заколнатите девици.

Zentrum, Tirana, Albanien

Тирана

Добивме уште една адреса и одиме таму: Баца Марк.

Овој 86-годишен човек денес живее кај правнук му со многу деца. Во оваа куќа на еден имот. Помладата генерација го прими кај себе, го прифати и се грижи за него.

„Радосен сум што овде имаме толку многу генерации“, вели правнукот Сцен .

Баца Марк се надоврзува: „Ова овде е мојот прв праправнук, неговиот син. Тој има и ќерка. Задоволен сум со тоа. Тоа е наша крв и тоа е најважното“.

Марк се спушти долу, по живот обележан од работа на полињата во северна Албанија.

Уште повеќе. Со децении беше шеф на семејниот клан. Неговиот брат нема потомство. Баца Марк ја презеде куќата и имотот, како жена тоа ќе беше невозможно.

Пред повеќе од десет години брат му почина, Баца Марк остана сам.

Но има потомци, кои се противат да ги прифатат заколнатите девици, оти главата на куќата, мажот, стравува за својата превласт.

„Никогаш немав проблем со тоа. И никогаш не ме загрижуваа коментарите на другите, но сето само затоа што донесов јасно решение.“

Се решив за слобода.