1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Закани со смрт за Ханија

Палестинскиот парламент денеска на вонредна седница расправа околу правната основа за референдумот закажан за крајот на јули, од страна на палестинскиот претседател, Махмуд Абас. Висок претставник на израелската владеачка партија му се закани на палестинскиот премиер, Исмаил Ханија со смрт.

Исмаил Ханија

Исмаил Ханија

Радикалниот Хамас, кој во парламентот има мнозинство, референдумот го оцени како илегален. Дебатата на парламентот се пренесува преку видео бим меѓу Рамала и појасот Газа, со оглед на тоа што израелското раководство го затвори патот меѓу појасот Газа и западниот брег за пратениците на Хамас. А, од Израел, денеска доаѓаат и закани по животот на палестинскиот премиер, Исмаил Ханија.

Доколку Хамас повторно изврши самоубиствени атентати во Израел, според шефот на комисијата за надворешни прашања и за одбрана во израелскиот парламент, Захи Ханегби, Ханија може да биде убиен. Тој алудирајќи на целните изралески убиства на двајца поранешни високи претставници на Хамас, рече: “Ханија, Јасин и Рантиси те чекаат доколку ти на ист начин ликвидираш Евреи, вршиш насилство и преземаш самоубиствени атентати.“

Ханегби не му припаѓа на најтесниот круг околу израелскиот премиер, Ехуд Олмерт. Во текот на викендот, меѓутоа, и израелскиот министер за одбрана, Амир Перец го заостри тонот, во иста насока:

“Ниту една титула, ниту една политичка позиција нема да служи како заштита за некого за кого ќе заклучиме дека планирал убиства или учествувал во нивно извршување.“