1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Закана од Газпром за Белорусија

*

Рускиот државен енергетски концерн Газпром и се закани на Белорусија дека драстично ќе ги намали испораките на природен гас за оваа земја. Причината се неплатените долгови. Газпром најави дека ќе ја намали испораката за цели 45 проценти доколку , до петок не биде исплатен долгот од 500 милиони долари. Европските земји кои Газпром ги снабдува со природен гас нема да бидат погодени од овие мерки.