1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Заканата од птичјиот грип е реална

Во Турција откриениот вуирус на птичјиот грип е од типот Ха5Ен1 кој е опасен за луѓето, потврди вчера надлежниот евро-комесар Маркос Кипријану.

И оној откриен во Романија е од истиот тип, изјави денеска претставникот на светската здравствена организација Клаус Штер, кој прдупреди од пандемија во Германија. Европската комисија предупредува од пандемија на грипот што би можела да убие милиони луѓе. Истовремено шефот на оваа организација со седиште во Рим Бартолини предупредува да не се шири хистерија.

Европската комисија вчера препорача сите земји членки на Унијата да се подготват на можната епидемија од птичји грип и тоа треба да има највисок приоритет. Мерките треба да ги спроведат националните влади вели надлежниот евро-комесар Маркос Кипријану:

„Задсега на постои вакцина против птичјиот грип кај луѓето, односно останува само вакцината за сезонските грипови. Дел од нашиот план е предупредувањето на потенцијалната или можната пандемија„.

Некои луѓе шират паника и предупредуваат не пред епидемија, туку пред пандемија па трвдат дека птичјиот грип би можел да убие 150 милиони луѓе. За ова Рајнхарт Курт, претседател на Институтот Роберт Кох во Берлин, кој укажува на тоа дека пред се станува збор за болест кај животните, истакнува:

„Страво секогаш е лош советник. Би требало да бидеме релативно спокојни, што не значи и опуштеност. Во овој момент не е можно да се произведе вакцина против пандемски вирус зашто воопшто не знаеме како може да изгледа и тоа мора да се каже„.

Инаку, светската здравствна организација подолго време предупредува од епидемија на птичјиот грип. Но, дали е можно да се произведе вакцина и да се чува во случај епидемијата да се случи? За ова, шефот на инфлуенца програмата на светската здравствена организација Клаус Штер денеска за Дојчланд Функ изјави:

„Сериско производство на вакцина може да започне дури тогаш кога ќе се појави пандемијата. Ха5Ен1 може да ја предизвика следната пандемија, но во меѓувреме може да мутира за разлика од сегашната генерација. Меѓутоа, погрешно е да се чека. Французите на тој план се најдалеку отидени и ги очекуваме првите резултати на клиничките студии за таква вакцина во наредните три недели„.

Светската здравствена организација во Рим повика на неширење хистерија. Во нејзиниот апел се вели да не се драматизира опасноста за луѓето од птичјиот грип. Поради заканата од ширење на птичјиот грип, германскиот министер за екологија и заштита на потрошувачите Јирген Тритин ги предупреди Германците што се враќаат од Турција и Романија да не носат со себе храна или животни. Тој најави дека ќе се сретне со надлежните министри од покраините.