1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Заканата на киднаперите на двајцата Германци - потврдена

Грабнувачите во нова видео снимка повторно се закануваат со убиство на заложниците доколку Германија не ги исполни нивните политички услови. Видео снимката, емитувана на арапската телевизија, Ал Арабија, наводно потекнува од групата Ансар ал Тавхид Ва-Суна.

Сцена од претходната видео-снимка

Сцена од претходната видео-снимка

Речиси две недели по поставувањето политички услови до германската влада од страна на грабнувачите на двајцата германски инженери во Ирак и нивната закана дека доколку барањата не бидат исполнети тие ќе ги убијат заложниците, вчеравечер заканата е повторена. Видео снимката на која двајцата заложници клечат, а зад нив стојат четворица маскирани мажи, овојпат е емитувана од страна на телевизијата Ал Арабија, додека претходните две снимки ги емитуваше Ал Џазира.

Во своето најново видео, киднаперите говорат за последна шанса за германската влада да ги исполни бараните услови.

Рок за исполнување на условите не е даден. Барањата содржат и прекин на политичките односи со владата во Багдад и повлекување на сите германски фирми од Ирак. Исполнувањето на вакви услови, германската влада досега одби неколкупати. Министерот за надворешни работи, фдранк Валтер Штајнамјер, рече:

“Ова е уште едно шокантно сведоштво за човековото понижување. Ескпертите сега ќе ја проценат видео снимката, а јас можам само да дадам уверување дека ќе ги продолжиме нашите напори за двајцата заложници што побргу да ги донесеме на сигурно. Го правиме она што можеме.“

Рене Бројнлих и Томас Ничке беа грабнати на 24 јануари. Двајцата инженери од Лајпциг биле во Ирак за да инсталираат индустриска постројка.