1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Заживување на Мариово

Надежите за ревитализација на Мариово се врзуваат во изградбата на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“, како и во неколку културни проекти.

default

Чистата и недопрена природа е предност

„Многу одамна Вито, еден од тројцата браќа, си ги прибирал козите есенско време, и од високите планини видел убава ораница со богати пасишта. Си направил колипка, презимил и пролетта си ги дотерал овците и говедата.“

Ова е само секвенца од претставата „Крпен живот“, која по текст од Стале Попов и во режија на Владо Цветаноски предпремиерно ќе биде прикажана во Витолишта. Пробите се одржуваат на отворено, во срцето на Мариово, во селото Манастир, последното село кое умре. Последните тројца жители пред неколку месеци се преселија на селските гробишта. Сега ни за мртви, а камо ли за живи не чукаат селските камбани. Можат ли уметниците, ако не успеаја политичарите, да го вратат животот во Мариово?

Режисерот Цветаноски со сета љубов кон овој крај верува во тоа: „На некој начин се обидуваме да направиме, ова мртво село да биде живо и гледате колку луѓе поминаа низ Манстир, колку песни беа испеани, сето тоа ми се чини дека може да придонесе да се врати духот на Мариово.“

Надежи во селото Манастир

Селото Манастир ќе остане духовен и културен центар на Мариовскиот регион со враќањето на духот на монашкиот

Rhönschafe

Се‘ поретка слика

живот и обновата на црквата „Св. Никола“, но и со другите проекти може да се врати животот во Мариово, смета отец Никола, кој е единственото живо човечко суштество во ова село. Во тек се дестина проекти кои се однесуваат на ревитализација на Мариово. Но манастирот стана еден духовен центар на овој крај, ги поддржува сите културни проекти кои се поврзани со историското минато на Мариово. Во иднина со гостинскиот конак и со просториите, кои ќе бидат наменети за престој, ќе се создадат услови и за присуство на повеќе гости кои ќе поминуваат оттука.

Културни импулси

Дел од програмата на фестивалот „Актерот на Европа“, кој овој месец се одржува во Преспа и на кој уметниците проговорија на три јазици, грчкиот, албанскиот и македонскиот, од идното лето ќе се пресели во Мариово, вели Јордан Плевнеш, претседател на Советот на Фестивалот.

Од наредното лето да има еден европски театар во Мариово, кој ќе се одржува во јули и август и ќе биде нуден како туристичка атракција - во таа иницијатива се вклучени Василка Бумбарова, театарски критичар од Бугарија и Дарко Гашпаровиќ од Хрватска како и Роже Мирмо, познатиот актер од „Комеди Франс“ од Франција, кои ќе бидат столбовите на оваа манифестација покрај режисерот Владо Цветаноски, кој исто така е вклучен во неа.

На повидок се и европски пари

До крајот на годинава ќе биде објавен првиот повик за сите проекти за погранична соработка. Мариово со својата географска положба има најголеми шанси да се ревитализира со средства од претпристапните фондови, истакнува евроамбасадорот Ерван Фуере.

Neue US-Botschaft in Skopje, 03.07.2009 (Mazedonien, Skopje, USA, Ricker, Fuere)

Амбасадорот Фуере со неговиот американски колега Рикер

„Во овој процес можат да се номинираат културни и проекти за заштита на животната средина“, вели тој. „Тие ќе ги доближат двете страни од границата и ова е целта која ние сакаме да ја постигнеме и ќе направиме се‘ ова да се оствари. Навистина е многу убаво да се види дека токму тука доаѓаат луѓе да се обединат. Ова е симболот кој Македонија треба да го има, место каде што луѓето ќе се обединат и ова е вредноста што Македонија ќе ја земе со себе во Европа.“

Заживувањето на Мариово градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, го гледа во изградбата на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ „Со изградбата на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“, кои ќе бидат во непосредна близина, ќе се зголеми атрактивноста на овој крај, а исто така треба да ги искористиме и главните атрибути за негов развој, а тоа се еколошката чистота, автентичноста, големиот број археолошки локалитети и манастири, кои ќе влезат во таа туристичка мапа за развој на културниот туризам.“

Мариово како парадигма за Македонија

Мариово е парадигма за Македонија, ако го губиме Мариово, ја губиме и Македонија, вели режисерот Цветаноски. Но, со претставата „Крпен живот“, која ја поставува во срцето на Мариово, тој ни ја испраќа и оваа порака, која по својата универзалност ги поминува границите на мариовскиот регион.

Со „Крпен живот“ сакам да ги закрпиме и нашите животи, оти некако и нашите животи станаа крпени. Кога сме во такви состојби природно е да се запрашаме како таквиот крпен живот го поминувале нашите предци, да не бараме преку леб погача, да го цениме она што го имаме, оти тоа што ни го дал Господ, не е малку.


Автор: Златка Пурковиќ

Редактор: Александра Трајковска