1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Заедно се помага подобро и повеќе

ЕУ и УНЕСКО, организацијата на ОН за културна соработка, сакаат да ја надоградат кооперацијата. Во заедничките ангажмани спаѓаат пред се` натамошни развојни проекти во Африка, како и помошта за Хаити.

default

Заедничка помош за Хаити

Постои поголем потенцијал отколку што бевме свесни досега, изјави новата генерална директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова при посетата во Брисел. Во заедничките полиња на соработка спаѓаат пред се` натамошни развојни проекти во Африка. Освен тоа, ЕУ и УНЕСКО сакаат да придонесат за обновата на министерството за образование и училиштата во Хаити.

Меѓусебно разбирање

Двете Бугарки се нови на функциите. Ирина Бокова од минатата

Irina Bokowa neue UNESCO-Generalsekretärin

Ирина Бокова

есен е генерален директор на УНЕСКО, Кристалина Георгиева официјално е еврокомесар за хуманитарна помош од пред неколку дена. Двете очигледно добро се разбираат, не само јазично, туку и човечки - добра основа за приближување и на двете организации, смета Бокова: „Оваа посета е многу важна, зашто верувам, дека УНЕСКО и ЕК можат да остварат многу пообемна соработка, отколку досега. ЕУ е најголемиот донатор на развојна помош. Со оглед на тоа што УНЕСКО е водечки во општите образовни програми, особено во оние наменети за жените и девојчињата, нашата соработка ќе биде важна и плодна.“

Можните тежишта во заедничката соработка Бокова ги гледа во обезбедувањето исти шанси за образование за жените и девојчињата, пред се` во Африка.

И заштитата на климата е можност за соработка

Шефицата на УНЕСКО, Бокова, гледа шанси и во област која не е тесно поврзана со светската организација за култура: „УНЕСКО е многу ативен во заштитата на климата и во заштитата на биолошката разновидност. Имаме можност за единствен ангажман, поставување мост меѓу биолошката и културната разновидност, кој можеме да го делиме со ЕУ.

Пример за сеопфатна помош и за кооперација меѓу УНЕСКО и ЕУ треба да биде и работата на обновата на Хаити, земјата што беше

Kristalina Georgiewa

Кристалина Георгиева

опустошена од силниот земјотрес. Според еврокомесарката Георгиева, ЕУ најпрво се концентрира на задоволувањето на непосредните потреби на луѓето. Но, многу важна е токму и обновата на училиштата и образовната структура: образованието како клуч за иднината на децата, но и за стабилизација на нивните семејства: „При помошта на луѓето за време и по природните катастрофи, не е значајна само храната и сместувањето, туку и за нивната гордост. Децата можат да ја вратат нормалноста во семејствата. Училиштата, пак, можат да им обезбедуваат храна на децата, за да можат повторно да учат, што е важно за живот. Отсекогаш постои традицијата - хуманитарната помош и развојната одат рака под рака, вели Георгиева.

Новата еврокомесарка кон крајот на февруари ќе патува за Хаити. Колку од ветената тесна соработка со УНЕСКО ќе се оствари, може да се покаже многу скоро при помошта во Хаити.

Автор: Кристоф Хазелбах/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска