1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Заедно против тероризмот и насилството

Европа не смее и не може да си дозволи ниту една земја да биде база за криминалните структури, беше речено на првиот ден од „Охридските разговори“ меѓу полициите од Македонија и германската покраина Бранденбург.

default

Mакедонска полиција

Македонија е активно вклучена во создавањето и креирањето на европскиот безбедносен систем преку заедничка работа, размена на знаења, искуства и

Innenministerin Jankulovska - beschlagnahmte Waffen

Министерката Јанкуловска по неодамнешната акција на полицијата во пограничниот регион со Косово

информации, кадешто градењето заедничка доверба и разбирање се неопходни, рече министерката за внатрешни работи на Република Македонија, Гордана Јанкуловска, поздравувајќи ги учесниците на десеттиот дел од „Охридски разговори“. „Било која европска држава може да вложува милиони во борбата против криминалот, но никогаш нема да биде доволно безбедна, ниту пак ќе биде отпорна на криминалот доколку не ја развива меѓународната соработка,“ подвлече министерката Јанкулоска.

На терористичките закани не е имуна ниту една држава, потенцираше Јанкулоска. „Европа не смее и не може да си дозволи ниту една земја да биде база за криминалните структури. Терористичките активности се еден вид феномен на кој тешко може да му се претпостави целта, времето и начинот на извршување.“


Германија пред нови безбедносни предизвици

„Овде сме со цел да видиме како и на кој начин може да продлжи успешната соработка меѓу полициите од двете земји започната пред пет години. Сорабтоката се одвива на повеќе нивоа и освен што е важна за интеграцијата на земјата во Европската унија, таа е важна и за мирот, стабилноста на една држава“, рече министерот за внатрешни работи на Бранденбург, Рајнер Шпер и дополни: „Во главниот град на покраината Берлин го градиме

Ohrid 2

Охрид домаќин на средбата

најголемиот аеродром во Германија. Така овде во Охрид заеднички со нашите колеги расправаме околу идната безбедност на овој аеродром. Тоа е само една од бројните теми кои ги обработуваме. За нас важна е и темата за заштита од пожари и катастрофи, со оглед на тоа што во нашата покраина има најмногу шуми во Германија во тој дел ќе размениме искуства како колегите се справуваат со овие пожари и катастрофи.“

Два дена претставници на министерствата за внатрешни работи од Македонија и германската покраина Бранденбург дискутираат на теми сврзани со тероризмот, терористичката пропагнада, заштитата од пожари и катастрофи, безбедност на аеродромите, илегалната имиграција, трговијата со луѓе и азилот.

Сорабтоката меѓу двете министерства за внатрешни започна пред пет години во клучен момент за македонското МВР. Тогаш тоа беше на крстопат во трансформацијата, која со помош на нивните колеги се спроведе по германски терк вградувајќи ги европските стандарди. При средбите во Постдам и Охрид годиниве наназад беа потпишани повеќе акти и договори, како и Декларација за соработка.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Александра Трајковска