1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Заедно против морските разбојници

Во борбата против пиратите пред брегот на Сомалија, меѓународната заедница вложува се‘ поголеми напори за заедничко дејствување. Германија има намера да испрати дополнителни бродови во регионот, што е можно побргу.

default

Со грабнувањето на супертанкерот „Сириус стар“(на сликата), пиратите и‘ удрија шлаканица на меѓународната заедница

Германскиот министер за одбрана Франц-Јозеф Јунг на средба во Њујорк, му вети на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун дополнителна германска помош во борбата против сомалиските пирати. Меѓутоа, Јунг предупреди дека на меѓународната заедница и недостасува јасен план за операциите за справување со пиратите. Германската влада претходно беше критикувана од Здружението на сегашни и поранешни припадници на Бундесверот дека и недостасува волја во борбата против пиратите пред сомалискиот брег.

Потребна е решителна акција

Покрај министерот за одбрана Јунг, за засилена борба против морските разбојници се заложи и шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер.

Symbolbild Steinmeier Beteiligung an Bekämpfung der Piraterie

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер им објави војна на пиратите

Тој престојува во Индија, каде што главна медиумска вест е потопувањето на еден пиратски брод од страна на индиска фрегата во регионот. Штајнмаер во Њу Делхи истакна дека сака - германската морнарица што е можно побргу со дополнителни сили да дејствува во Сомалија:

„Ние во Германија работиме на создавање предуслови за вклучување на замјата во борбата против пиратите. Притоа не можеме да постапуваме поинаку од она што го предвидува нашата државноправна рамка. Ние работиме на тоа и се надеваме дека во наредните денови ќе се постигне решение“, рече Штајнмаер.

Параелелно со посетата на Штајнмаер, со оглед на зачестените пиратски разбојништва во Сомалија, во Индија се разгоре дебата за тоа колку бргу и силно треба да дејствува морнарицата на оваа земја против пиратите. Индија реагираше веќе пред неколку недели и ја испрати регатата Табар да патролира и да ги заштитува индиските трговски продови од морските разбојници.

Во регионот оперираат 30-40 пиратски банди

Многумина во земјата сметаат дека воената акција пред брегот на Сомалија треба да се прошири: „Во оваа област треба да има потемелен надзор, и повеќе патроли, зашто има повеќе од една група пирати. Според нашите информации во меѓувреме таму оперираат 30 до 40 посебни групи“, порача портпаролот на синдикатот на индиските морепловци.

INS Tabar

Индиската регата „Табар“ деновиве потопи еден пиратски брод

Неполна недела по грабнувањето на супертанкерот Сириус стар од страна на пиратите од Сомалија и Русија најави дека ќе испрати дополнителни воени бродови во регионот. Генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хооп Шефер за време на посетата на Гана, побара од оваа земја да преземе водечка улога во справувањето со морските разбојници.