1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Заедно против економската криза

Кинескиот премиер Вен Ѓиjабао во рамките на неговата европска турнеја го посети Берлин, каде оствари средби со канцеларката Меркел, претседателот Келер и повеќемина министри. Кина ги обновува преговорите со Европа.

default

Канцелраката Ангела Меркел и кинескиот премиер Вен Ѓиjабао

„Посетата на Германија ми претставува вистинско задоволство.“ соопшти кинескиот премиер, Вен Ѓиjабао, по средбата со канцеларката Ангела Меркел.

Во минатото, меѓусебните недоразбирања во повеќе наврати доведуваа до замрзнување на билатералните односи, но, иднината според Вен е растоварена од тоа: „За време на мојата посета на Германија паѓаше снег. Една кинеска поговорка вели дека снегот е предвесник на добра година. Затоа, сосем сум сигурен, дека по студената зима сите ќе бидеме горди на сега договорената соработка.“

Разговорот со германската канцеларка Вен го оцени како искрен и чесен. Разликите во ставовите меѓу Германија и Кина не биле исклучени од дневниот ред, туку за нив се разговарало во атмосфера на взаемна почит. Најголемите недоразбирања се појавуваат поради кинеската политика кон Тибет, прашање кое канцеларката Меркел не го заобиколи ни овој пат: „Од германска страна уште еднаш подвлеков дека имаме интерес да се обноват разговорите со претставниците на Далај Лама и понудив, ако Германија притоа може да даде конструктивен придонес, дека сме подготвени да го сториме тоа.“

Договор за потесна соработка

Централна тема на разговорите беше светската економска и финансиска криза, од којашто двете најголеми извозни нации во светот, Германија и Кина, се пособено погодени. Според кинескиот премиер, уште потесни економски контакти би можеле да помогнат да се надмине кризата.

Тој истовремено изрази надеж, дека и покрај економската криза, трговската размена меѓу двете земји ќе остане на нивото од претходната година: „Кина не се стреми кон трговски суфицит. Откако ќе се вратам во земјата ќе испратиме делегација, којашто ќе купи германски производи и технологии.“

Освен ова кинескиот премиер ги покани германските фирми да учествуваат во изградбата на инфраструктурата во Кина, подвлече канцеларката Меркел: „Кинескиот премиер ги повика германските претпријатија да инвестираат во цела Кина, исто и во западна Кина, значи областите кои се’ уште не се економски развиени.“

Кинескиот премиер Вен, во ноември мината година и’ го сврти грб на Европа, поради што пропадна за планираниот самит. Вчера во Берлин порача дека е убеден оти Кина и Европа можат со заеднички сили да и’ се спротивстават на финансиската криза.