1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Заедничко чествување на Свети Методиј

Со низа свечености вчера во Елванген во Јужна Германија, беше одбележан Денот на Свети Методиј, кој десетици години е празник на градот. На свеченоста присуствуваа претставници на Македонија, Бугарија, Чешка и Словачка.

default

Елванген

Богослужбата во чест на Свети Методиј во големата црква Свети Вилнус во Елванген се одвиваше на одделни литургии на три јазика: македонски, бугарски и словачки. На еден јазик, германски, беа официјалните обраќања на претставниците на домаќините и четирите земји, кои просветителското дело на Свети Методиј го сметаат за корен на сопствената писменост: Македонија, Бугарија, Словачка и Чешка. Во присуство на граѓани и гости од црковните општини од Франкфурт, Мајнц, Улм, Минхен и Виена, пред спомен-плочите на Свети Методиј, кој дел од животот во заточеништво минал токму во Елванген, се проговори за неговиот придонес во создавањето на кириличното писмо, кое стана основа за писмата на различните словенски народи.

Апостоли на сите Словени

Во обраќањето пред гостите и граѓаните на Елванген, македонскиот амбасадор во Германија, Ѓорѓи Филипов, истакна: „Од ова место еднаш кажав, а сега уште

Kranzniederlegung vor den Gedenktafeln in Ellwangen

Македонскиот амбасадор во Германија, Филипов

еднаш повторувам – Свети Кирил и Методиј се апостоли на сите Словени. Не може на нив да има посебно право ниту еден словенски ентитет. Со денешниот акт заедничкото чествување од страна на Македонија, Бугарија Германија, Словачка и Чешка ја подвлекуваме нашата определеност и натаму да ја развиваме, да ја продлабочуваме идејата на европското обединување се додека и последниот народ од Балканот гордо не стане дел од Европската унија“, нагласи Филипов.

На Плоштадот Методиј пред претставниците на македонските, но и бугарските црковни општини, збор имаа и германските домаќини, како и дипломатите на Бугарија, Чешка и Словачка. Атмосферата беше релаксирана и ги немаше дискусиите од типот „чиј е Методиј", кои многупати во минатото пред спомен плочите ја вжештувале атмосферата.

Заедничка прослава на празникот

Заедничкото чествување на празникот има понова историја за што градоначалникот на Елванген, Карл Хилсенбек, потсети: „Разликата од празнување од пред

Die erste Gedenktafel in Ellwangen

Елванген

десетина години е суштинска. Ова значи дека Македонија, Бугарија, Словачка и Чешка сега празнуваат заеднички, што порано не беше случај. Не дека имаше некои проблеми, но секоја држава си правеше сопствена прослава. Но, ако сакаме една заедничка Европа, тогаш една ваква прослава е вистинска прилика да се демонстрира ова заедништво“, истакна градоначалникот Карл Хилсенбек.

Заедништвото е улицата која води кон Европа – беше пораката од чествувањето, која за жал пропуштија да ја чујат сите оние кои на стигнаа во Елванген. Особено Македонците од црковната општина од Штутгарт, која го носи имато на светителот, а која донела одлука да го бојкотира настанот, зашто организацијата на манифестацијата ја презеде поблиската црковна општина „Свети Димитриј" од Ален. Денот на Свети Методиј, во кој се оддржа и еден фудбалски натпревар, финишираше во Релинген со семакедонски собир, со чашка вино, песна и оро.

Автор: Силвера Падори

Редактор: Трајче Тосев