1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Заеднички интереси и недоверба

На руско-кинескиот самит во Пекинг, Владимир Путин усно им вети на своите домаќини дека ќе биде изграден нафтоводот од Русија кон Кина. Но, обврзувачки договор, на разочарување на Кина, не е потпишан. И без тоа, дводневната посета на рускиот претседател на Кина покажа дека во односите на двете големи сили освен заедничките интереси има и недоверба.

Путин и Џинтао по средбата во Пекинг

Путин и Џинтао по средбата во Пекинг

Односите на Русија и Кина доживеале еден “досега невиден врв“. Тоа и писмено со свој потпис уште еднаш го потврдија рускиот и кинескиот претседател, Владимир Путин и Ху Џинтао. Средбата во Пекинг беше петта средба меѓу претседателите за помалку од една година. Во многу делови, супер-силата од вчера и растечката регионална сила од утре, навистина се природни партнери. Кинескиот економски бум и рускиот капацитет на суровини се надополнуваат перфектно. Кинеското купување оружје ги држат руските фабрики за оружје во живот. Двете страни делат еднаква нелагодност кон американското влијание во светот. Двете страни немаат интерес за демократски револуции во централна Азија. Разбирањето на Путин за демократија е генерално близз до она на Пекинг. Реакциите на изборите во Белорусија се јасни – Европа ја окарактеризира победата на Лукашенко како фарса, додека Кремљ му честиташе. Врз ваква основа се разговара и за иранската атомска програма. Тука Пекинг и Москва се на истиот брег на реката – тие сакаат спречување резолуција или воведување санкции во Советот за безбедност.

Колку повеќе САД ја зајакнуваат соработката со Јапонија и ја привлекуваат Индија на своја страна, толку поблиски се односите на Русија и Кина. Заедничките воени маневри минатиот август тоа само го потцртуваат. Но, и покрај сите тврдења за пријателство, соработка и укажувања дека меѓу Москва и Пекинг има стратешко партнерство, билатералните односи во никој случај не се без проблеми. Путин се спротивстави на подарокот што Кина најмногу од се го поскауваше – црвсто ветување за изградба на нафтоводот кон Кина. Путин даде уверување дека нафотоводот ќе биде изграден, но повеќе од оваа изјава на намери, еден меморандум што не кажува нишо и договорот за студија за изводливост, Кинезите не добија.

Русија игра мошне вешто на картата на природни суровини, го болело тоа Пекинг или не. Путин во Пекинг остави простор да се наѕре дека доколку Кинезите сакаат нафта, ќе треба да купуваат и други производи од Русија, како машини и опрема. Истовремено, Русија не сака да стане зависна од кинеското купување нафта. Така, еден нафтен терминал на Пацификот, каде ќе може да биде опслужен секаков муштерија е многу попривлечен отколку нафтовод кон Кина. Освен тоа, во рускиот далечен исток расте стравот од пренаселување со Кинези. За време на посетата на Путина на Кина, руските службеници во Валдивосток соопштија дека невработеноста во регионот расте поради доаѓање на странска работна сила.

Двете страни имаат многу цврсти заеднички интереси, но тие истовремено делат и исто толку длабока недоверба.