1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Заедничка стратегија против сириското хемиско оружје

Стравот дека сирискиот режим би можел да употреби хемиско оружје против бунтовниците расте. САД и Русија пробуваат да најдат заеднички јазик за решение на конфликтот.

Поради заедничката загриженост во меѓународни рамки, покрената е нова дипломатска иницијатива за ставање крај на крвавиот конфликт. На маргините на конференцијата за човекови права во Даблин, американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон и нејзиниот руски колега Сергеј Лавров разговараа со специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија, Лакдар Брахими. Мора да се соработува за состојбата да се стави под контрола и да се реши кризата, изјави Брахими по разговорот. „не дојдовме до сензационални решенија, но мислам дека сме согласни оти ситуацијата е лоша“, рече Брахими.

Досега Русија и САД водеа различна политика кон Сирија. Москва, заедно со Кина, повеќе пати спречи донесување остри резолуции против Сирија во Советот за безбедност. Сепак, и Москва ја осуди можноста за употреба на хемиско оружје.