1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Заедничка стратегија за проширувањето и енергијата

Претседателите и претставниците на 17 земји од централна Европа од денеска пристигнуваат во Охрид на самитот кој ќе биде одржан утре и задутре (2. и 3.05.2008)

default

Охрид пред средбата

Охрид од утре е домаќин на Самитот на претседателите на државите од централна Европа. Меѓу 17 учесници ќе бидат присутни 15 претседатели, а само Италија и Романија ќе бидат претставувани од нивните амбасадори.Главни теми ќе бидат проширувањето на ЕУ и прашањата за енергијата. Ќе се дискутира и за заедничката стратегија на централноевропските држави во стабилизирањето на регионот.

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски, домаќин на средбата, очекува Македонија да добие на углед со организирањето на овој самит.