1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Заедничка политика на ЕУ во однос на доселувањето

На самитот на ЕУ, што денеска заврши во Брисел, постигнат пробив по прашањето за идната политика во однос на доселувањето

Барозо со германскиот канцелар Ангела Меркел

Барозо со германскиот канцелар Ангела Меркел

Притисокот од настаните доведе до уедначување на политиката на 25-те земји на Унијата во однос на проблемот до доселувањето, смета претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Барозо, имајќи го пред вид пред се’ илегалното доселување. “Мислам дека стварноста ги убеди земјите-членки”, рече тој по завршувањето самитот. До јуни наредната година Комисијата треба да поднесе конкретни предлози “како може подобро да се организира легалната миграција меѓу ЕУ и трети земји”. Со тоа Унијата за прв пат ја подотвора вратата и за легално доселување, со “земање предвид на одредени потреби на пазарот на работна сила”, како што се вели во заклучоците. Во овој концепт ЕУ се стреми кон подобра соработка со земјите од кои доаѓаат илегалните доселеници.

По прашањето на енергетиката, ЕУ ја потврди целта за транспарентен и недискриминаторен внатрешен пазар со усогласени правила. Треба да биде подбрена соработката во вонредни ситуации. Ќе се интензивира соработката со најважните земји-производители и транзитни земји за енергенси. Акциониот план треба да биде донесен во наредната година за време на германското претседателство со Унијата.

ЕУ се стреми и кон светски договор за тоа, порастот на глобалната температура по 2012-та година да не смее да изнесува повеќе од два степена над прединдустриското ниво, односно температурата на крајот од 18-от век.

Самитот ја поздрави готовноста на обете страни во израелско-палестинскиот конфликт за повторно воспоставување дијалог и побара скорешна средба на израелскиот премиер Олмерт со претседателот на Палестинците Абас. ЕУ е решена да дејствува за надминување на сегашното затишје во блискоисточниот мировен процес.

На самитот е извлечен и позитивен биланс од воената операција на ЕУ во обезбедувањето на претседателските избори во Конго. Унијата сега ќе ја засили својата полициска мисија, како и безбедносно-политичката советодавна мисија во таа земја.