1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Заев и Ахмети разговараа за „потребниот компромис во спорот за името“

Лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев денеска во Мала Речица се сретнa со претседателот на владејачката ДУИ, Али Ахмети. Двајцата соговорници разговарале за повеќе теми, меѓу кои и за спорот со Грција за името.

„Нема потреба Македонија да остане изолирана земја, туку уште поотворена, потребно е подобрување на меѓусоседските односи со другите држави, таа да биде дел од еврпоатлантсите интеграции, со што и ќе се охрабрат странските инвеститори повеќе да доаѓаат“, ова го изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети по денешната двоиполчасовна средба со претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев, кои денеска попладнево (3.8.2013) разговараа во седиштето на „интегративците“ во Мала речица, во Тетово во присуство и со генералните секретари на двете партии. Како што кажа Ахмети, лидерите и делегациите на двете партии разговараа за широк спектар на најактуелни полиички теми, почнувајќи од спорот околу името, за евроатлантските интеграциони процеси, за случувањата во македонскиот парламент од 24 – ти декември минатата година и за други теми. Ахмети во својата изјава за медиумите нагласи и дека тој и Заев „се усогласиле да ја продолжат својата соработка и во иднина во врска со теми од државен и национален интерес“.

Зоран Заев кажа: „Остануваме конструктивни како партија околу настојувањата да се постигне компромис за спорот за името и за тоа сметаме дека треба да се развие политичка дебата во земјата, но ние не им даваме поддршка на политиките на Никола Груевски. Му го изнесовме нашиот став на Ахмети дека, според СДСМ, Анкетната комисија за настаните од 24 – ти декември во парламентот не може да продолжи да функционира без свој претседател и оти ние не прифаќаме прекршувања на уставот и напади врз новинарите, што се случуваше тогаш во Собранието“. Заев додаде дека по оваа денешна средба со Ахмети во наредните денови тој ќе има разговори и со лидерите на ДПА Мендух Тачи со Руфи Османи на Албанската национална преродба, а потоа и со претседатели на други партии од македонскиот политички блок. ДВ побара коментари од реномирани политички експерти околу разговорите на Ахмети со Заев.

„Индиректен притисок врз Груевски“

Професорот на Битолскиот државен универзитет и политички аналитичар Јове Кекеновски истакнува:„Средбите меѓу Зев и Ахмети не се први, такви имаше во минатото, а ќе ги има и во иднина. Средбата Заев – Ахмети е на некој начин индиректен притисок врз премиерот Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ во смисла „еве, ние можеме секој момент да ви излеземе од владата и можеме да си обезбедиме евентуално ново коалиционо мнозинство со друга политичка партија, или евентуално да овозможиме добри, коректни релации за евентуално идно коалицирање за евентуални предвремени парламентарни избори наредната година“. Тука се користи и моментот и притисокот, кој го врши меѓународната заедница за промена на името. ВМРО ДПМНЕ во тој дел има нешто поцврст став за разлика од ДУИ, која што еве ја презема на некој начин таа позиција во надворешната политика и да го динамизира тој процес. Значи, сето ова можам да го разберам и во смисла на вршење притисок за колку е можно побрзо решавање на прашањето за името. Јас претпоставувам дека она што ќе го договорат Заев и Ахмети ние нема да го дознаеме во целост, меѓутоа се е во функција на евентуално ново идно коалиционо мнозинство, или идно ново коалицирање на евентуалните предвремени парламентарни избори. Значи, Ахмети се обидува на секој начин да се покаже како контруктивен фактор пред меѓународната заедница и да го реши, односно, да биде иницијатор за промена на нашето име. Меѓутоа, јас се надевам дека СДСМ ќе остане на линиите на македонштината, каде што ќе опстои доследно на оние ’црвени линии’ дека нема промена на нашиот идентитет, јазик и на нашата култура.“

Mala Recica Tetovo

Седиштето на ДУИ во Мала Речица

Професорот по политички науки од Државниот универзитет во Тетово, Ризван Сулејмани коментира: „Кампањата што ја води Али Ахмети во принцип не е во насока на вршење притисок врз коалициониот партнер, туку повеќе на отворање расправа заради решавање еден проблем, кој ’виси’ подолго време, а кој што може да има далекусежни последици врз Македонија. Али Ахмети сака да создаде поширока коалиција со граѓани, невладини организации и политички субјекти заради сензибилизирање на јавноста за важноста на решавањето на прашањето за името. Зоран Заев како нов политички лидер треба да се покаже во еден нов лик затоа што неговиот претходник Бранко Црвенковски фактички отвори војна со сите и првенствено на удар беше Али Ахмети, оти играше на некоја карта дека Ахмети е тој што треба да направи дестабилизација. За да се создаде некоја вонредна ситуација и евентуално да се направи голема коалиција и преку неа СДСМ да се врати во власта. Мислам дека Заев сфаќа оти не може да го очекува тоа од Ахмети: овој да создаде турбуленции. Али Ахмети може да помогне во создавање широка коалиција за европска агенда и мислам дека Заев сака да репарира нешто што беше нарушено во последнава една година од страна на Црвенковски и тоа би бил негов интерес, инаку би се нашол во ситуација и тој да биде изолиран како Црвенковски, без никаков партнер ниту кај Албанците, ниту кај Македонците. Заев мора да ја прошири својата база на поддршка и коалицирање. Али Ахмети нема да го прифати тоа, да навлезе во такви сценарија на вонинституционално, ’математичко уривање’ на Владата. ... Претпоставувам дека таа лекција ја научил и Заев“.

„Зближување на ставовите“

Здравко Савески, професор по политички науки од ФОН универзитетот во Скопје, смета: „Во крајна линија Заев имаше средба и со Никола Груевски. Оваа средба може да биде важна, но е можно и ништо да не испадне од неа. Она што е сигурно тоа е дека и СДСМ и ДУИ имаат еден заеднички интерес, а тоа е дека се незадоволни од владеењето на ВМРО ДПМНЕ, но, ДУИ е се' уште дел од таа Влада. СДСМ веќе подолго време ја развива својата теза дека ДУИ треба да излезе од Владата на Никола Груевски, која ДУИ досега не ја прифаќала. Од страна на СДСМ веројатно ќе биде сугерирано ДУИ и сега да размисли околу таа теза, но, дали ДУИ би прифатила такво нешто тоа воопшто не може да се знае. Не е исклучено излегувањето на ДУи од коалицијата со ВМРО ДПМНЕ. Сепак, нема некои покрупни настани, кои би ја поттикнале ДУИ да излезе од власта. Останува да се види каква ќе биде за натаму проценката на ДУИ, а сигурно е дека СДСМ ќе ги поттикне во тоа. Најновото ’солирање’ на ДУИ, кое фактички не е исклучок туку тоа е многу зачестено, не мора да значи дека е и навистина ’солирање’ и дека не е барем неформален договор со ВМРО ДПМНЕ. Ова може да биде одреден исчекор од страна на СДСМ во однос на дефанзивата во која се доведоа самите, но и во која ги доведе и ВМРО ДПМНЕ, барем во последнава година. Ова е малку поофанзивен чекор на СДСМ, кој ако им успее да ја извлечат ДУИ од позицијата тоа ќе биде сериозен удар врз владеењето на ВМРО ДПМНЕ.

Осман Кадриу, професор по уставно – политички систем од ФОН универзитетот во Скопје напоменува: „Овие средби сигурно имаат некои тенденции околу евентуално формирање нови коалиции и за зближување на ставовите за да настапат заеднички за стратегиските прашања и проблеми на Македонија и во Парламентот и во севкупните збиднувања.

Оваа средба како дел од формите за излез од политичката криза се добри и се за поздравување од страна на двата политички лидера. Мора да има такви средби оти има повеќе отворени прашања: оние поврзани с политичката криза по случувањата во Собранието на 24 декември минатата година, а оваа цел, покрај другото, има за цел и да се направи еден обид за разветлување на тие случувања во законодавниот дом. Од тоа има и заклучоци кои не се реализирани. Реалност е дека Македонија се наоѓа во сериозна политичка криза.“