1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Заев е избран за в.д. претседател на СДСМ

СДСМ избра нов лидер на партијата. Струмичкиот градоначалник Зоран Заев ќе ја врши оваа должност до враќањето на претседателот на државата Бранко Црвенковски на чело на СДСМ.

default

Зоран Заев доаѓа на чело на партијата СДСМ

На партискиот вонреден конгрес на опозициската СДСМ, новиот лидер беше избран едногласно и со јавно гласање на 615 делегати. Едногласно беше поддржан и предлогот на Централниот одбор, по завршувањето на претседателскиот мандат Бранко Црвенковски да се врати на чело на СДСМ.

„Заедно со идниот тим со кој ќе работам имам намера да создадам атмосфера во која нема да глумиме единство,“ изјави Заев пред делегатите.

На граѓаните тој им порача дека Македонија е заедничка земја, на која не и‘ е потребна декларативна љубов, туку таква која се потврдува со дела.

Заев функцијата ја наследува од Радмила Шеќеринска, која во јуни поднесе неотповиклива оставка поради поразот на предвремените парламентарни избори. Конгресот ја констатира оставката на Шеќеринска.

Иnаку, Црвенковски неодамна го аболираше Заев, кој беше осомничен и му беше определена мерка притвор за случајот со трговскиот центар Глобал во Струмица.


Зоран Заев, за време на својот в.д. мандат, ќе се соочи со локалните и со претседателските избори.