1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Зад насмеаните маски - кој се крие зад „Анонимус“?

Кој ја нападна интернет страницата на Стратфор? Напаѓачите се изјаснија како активисти на движењето „Анонимус“, други наводни членови на „Анонимците“ тоа го демантираа. Кој се крие зад името „Анонимус“ и какви цели има?

default

По хакерскиот напад врз реномираната американска невладина компанија за собирање и анализа на глобални информации, Сратфор, се множат прашањата околу тоа кој стои навистина зад нападот и какви се неговите цели. Пред два дена беа украдени голем број мејлови и податоци од кредитни картички на клиенти на Стратфор, по што од нивните сметки беа префрлани пари за донации на хуманитарни организации. Наводни членови на движењето Анонимус соопштија дека целта на акцијата била на тој начин да се префрлат милион долари во добротворни цели.

Истовремено, на интернет, меѓутоа, курзира и демант во име на Анонимус, во којшто се вели дека движењето нема врска со нападот и дека ја почитува работата на Стратфор.

Кој е член на Анонимус?

Ова прашање си го поставуваат се‘ повеќе луѓе. Колку немохогено и неорганизирано е движењето, покажува токму судирот што очигледно избил меѓу хакерите. На интернет кружат цела низа гласови кои се прикажуваат како

Hacker Gruppe Anonymous LOGO

Логото на Анонимус

членови на Анонимус, а притоа застапуваат многу различни ставови. Додека еден дел застана во одбрана на нападот врз страницата на Стратфор, други сметаат дека нападот е непотребен и штетен.

Од учесници на форуми до активисти

Судирот пружа добра слика за тоа колку всушност е дезорганизиран Анонимус и колку се различни целите во рамки на групата, која спонтано се составува од различни активисти, зависно од целта на нападот.

Оној што сака поблиску да ги запознае хакерите на Анонимус и нивните размислувања, мора да ја посети интернет страницата 4chan.org, која важи како место каде настанало движењето. Многу од она што таму може да се најде е на прв поглед неспектакуларно и безопасно. Кој малку попрецизно ќе погледне, ќе најде слики и текстови кои, во најдобар случај, можат да се окарактеризираат како невкусни - порнографија во сите варијации, слики и текстови во кои се исмејуваат други луѓе или цели народи и слики на оружје и насилство во најразлични форми.

Просечен Анонимус-хакер: млад, пол машки, израснат во индустриска држава

Особеното на 4chan.org е што таму може во секое време и без најава да се ставаат текстови и слики - авторот останува анонимен и во форумот се води како „Анонимус“. За корисниците на интернет страницата пак, се знае дека се претежно од машки пол, на возраст од 18 до 25 години. Повеќето корисници се

Mitglieder der Gruppe Anonymous

Принципот на организирање Анонимус го има преземено од форумот на 4chan.org - секој може да објави се‘

од Северна Америка, Европа и Азија. Принципот на организирање Анонимус го има преземено од форумот на 4chan.org - секој може да објави се‘. Има голем број дискусии, но нема хиерархиски структури или водачи на групата.

Да се шокира и забавува, но без вистински, политички цели

Што се однесува до целите, има еден вид душевна блискост меѓу она што се пишува и става на 4chan.org и акциите на хакерите. Корисниците на интернет страницата сакаат да дадат придонес за забава, но сакаат и со своите прилози да шокираат. Некаква топ-цел по правило немаат. Сепак, бунтувањето против авторитети и институции, како државата, стопанството или сопствените родители, играат улога. Така делуваат и акциите на Анонимус - напаѓани се најчесто претпријатија или организации кои се сметаат за моќни, или премоќни. Анонимус, во тој контекст, зборува за напад врз „воено-индустриски комплекс“. И тука целта е: да се шокира и истовремено да се демонстрира дека и единката поседува одредена моќ.

Автор: Јерг Брунсман / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Борис Георгиевски