1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Зад нападите во возовите стои група?

Германската влада смета дека двете лица кои минатата недела подметнаа бомби во железницата имаат поддршка. Имам впечаток дека во позадина работеле и други, изјави државниот секретар во министерството за внатрешни работи, Аугуст Ханинг. Германската железница како реакција на откриените напади во регионалните возови со куфери-бомби, најави проширување на видео-набљудувањето и пробни контроли на б

default

агажот на патниците.

Она што за време на викендот го рече првиот човек на министерството за внатрешни работи, Волфганг Шојбле, денеска го потврдува и државниот секретар во истото министерство, Аугуст Ханинг: “Заканата стана посериозна. Тероризмот не допира многу непосредно. Во Германија имаме доживеано да се подготвуваат терористички напади. Неколкупати сме преземале чекори правовремено, а сега се покажа дека се подготвуваат терористички напади и за во Германија и мора да сметаме со тоа дека такво нешто ќе се случува и во идина.“

Ханинг вели дека по неуспешните напади со куфери бомби во регионалните возови во Кобленц и Хам мора да се преиспита дали во Германија има терористички структури, зашто конструкцијата на бомбите покажува дека имало вештост во нивното составување. Со оглед на конструкцијата на бомбите, властите сметаат дека не станува збор за поединечни атентатори, туку за група која стои зад нападите. Едниот од извршителите беше уапсен во саботата во Кил. По соучесникот на уапсениот 21 годишен Либанец се трага: “Потрагата е траскавична. Се разбира, ги проверуваме информациите и трагите до кои се дојде по апсењето на едниот извршител“, изјави Ханинг и побара проширување на видео-набљудувањето на железничките станици. Проширување на набљудувањето на јавни места и во сообраќајот бара и Сојузот на германските градови и општини. Главниот раководител на овој сојуз, Герд Ландсберг, дури смета дека во опрделени случаи на полицијата на располагање треба да и стојат и снимките на патарините. И, додека германската железница денеска реагира со најава за засилени безбедносни мерки, во кои се вбројува зголемено набљудување и пробни контроли на багажот на патниците, во политичките партии се води жестока дискусија дали таквите чекори се неопходни. ЦДУ и ЦСУ се за засилено набљудување, додека зелените се против. Од редовите на унијата дури доаѓаат и барања за воведување т.н. реил-маршали, односно вооружени лица во возовите кои ќе се грижат за подобра безбедност. Зелените сметаат дека со зголемено набљудување нема да можат да се спречат евентуални идни напади. Сиојузниот ополномоштеник за заштита на податоци, Петер Шаар, исто така смета дека целосно набљудување не смее да има:“Границата е тотално набљудување. Такво нешто не смее да има. Да се набљудува секој агол ниту има смисол ниту може со нешто да се оправда. Мора да се размисли за тоа – кои делови се особено загрозени, и таму во орпеделени случаи да се набљудува, но притоа мора да се внимава видео-снимките да не се најдат во погрешни раце.“