1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Задоволство поради скорото укинување на визите

Препораката на Европската комисија за укинување на визите е реален успех на Македонија, изјави македонскиот премиер Никола Груевски, кој во присуство на владините министри, имаше обраќање пред јавноста.

default

Никола Груевски

„Македонија се отвора кон светот, светот се отвора за Македонија“, рече Груевски.
Тој увери дека владата ќе продолжи со реформите кон евроинтеграциите.
„Продолжуваме посветено да работиме на добивање позитивен извештај, на добивање на датум за почнување преговори со ЕУ“, изјави македонскиот премиер.
„Ова е успех на Република Македонија, Ова е успех на европската идеја во Република Македонија“, додаде Груевски.
Според најавите, финалната одлука од страна на Советот на министри на ЕУ се очекува да биде донесена кон крајот на октомври, а практичната примена на визната либерализација да започне од 2010 година.

Автор: ЖА/АТ/макфакс

Редактор: Алесксандра Трајковска

DW.COM