1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Задоволниот Буш

Блиц посета на американскиот претседател Џорџ Буш на Ирак: тој притоа отвори дебата за можно редуцирање на трупите во оваа земја.

default

Тајната служба буквално го прошверцува Џорџ Буш од Белата куќа – од задната врата, само со едно неупадливо придружно возило, без вообичаените долги автомобилски колони. Се од името на безбедноста при третата ненадејна посета на претседателот на Ирак од почетокот на војната. Овојпат Буш за иднината најави добри вести:

„Генерал Петреус и амбсадорот Крокер ме известија дека ако прогресот што го имаме сега продолжи, ќе биде можно да се одржи сегашното ниво на безбедност и со помалку војници„.

Ова би можело да значи и можно предвремно повлекување на дел од сегашните повеќе од 160 илјади луѓе во Ирак:

„Ова решение ќе биде донесено врз основа на внимателна проценка на нашата армија на самото место, а не затоа што политичарите во Вашингтон нервозно реагираат врз анкетите. Тоа значи дека ако почнеме да повлекуваме војници од Ирак, тоа ќе биде поради нашата моќна позиција, а не поради страв и неуспех„.

Буш со целиот кабинет за безбедност демонстративно не отиде во Багдад, туку во провинцијата Ал Анбар доминирана од Сунитите, порано тврдина на терористи и бунтовници, а денес проект за пример на успехот на американско-ирачката соработка. Републиканскиот политички стратег Тери Џефри за ЦНН изрази задоволство од бушовото изненадување. Политички на Буш му успеа вниманието на целата нација да го насочи кон успехот во Ал Анбар каде што насилството скоро исчезна. На тој начин ги постави и рамките на извештајот на генерал Петреус и на амбасадорот Крокер идната недела во Конгресот. Тој извештај се очекува со нетрпение и од него теба да се види каков напредок е постигнат во Ирак по испраќањето дополнителни 30 илјади војници. Претходните информации лиферувани за претседателот беа сосем според неговиот вкус. Тоа пак, е добра основа да се спречат републиканците во конгресот, заедно со демократите, да гласаат за итно повлекување на трупите или пак за скусување на парите за војната. Членката на демократската партија Донар Брејзир отровно забележа дека не е потребна промотивна акција на претседателот, туку факти: дали се постигнати целите што Буш самиот си ги постави. Тој пак, толку е убеден во тоа, што на ирачкиот премиер Нури Ал Малики уште еднаш му ја искажа својата поддршка, сосем спокоен од непријатни детали како повлекувањето на Британците од Басра, жестоките критики од сојузничките генерали врз целата ирачка стратегија или се уште катастрофалните резултати од анкетите дома.