1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Задкулисна битка за власт

Од почетокот на пролетта во кинеската комунистичка партија се појави остар спор околу прашањето дали земјата треба да ја продолжи политиката на реформи. На една страна, марксистички ориентираното лево крило во партијата бара завршување на реформите во економијата кои, според негово мислење, се со капиталистичка ориентација. На другата страна таканаречените радикални либерали го бараат спротивното.

Приватно или партиско?

Приватно или партиско?

Обете крила, се чини, се дури подготвени да ризикуваат поделба на партијата ако нивните барања не бидат исполнети. На тој начин пак, индиректно би можела да биде отворена вратата за повеќепартиски систем. Раководството на партијата страхува токму од тоа и веќе реагираше на спорот со коментар во партискиот „Народен весник„. Меѓутоа, спорот, кој се мислеше дека ќе биде спречен на тој начин, продолжува и натаму во безмилосна битка за власт зад кулисите:

„Без размислување да продолжи курост на реформи„, е насловот на текстот во „Народен весник„. Меѓутоа, авторот никако не соопштува во која насока воопшто треба да продолжи тој курс. Во текстот не е спомнато ни тоа дали покрај стопанските реформи, треба да има и политички. За познавачот на Кина и шеф на германското друштво за надворешна политика, Еберхард Сандшнајдер, овој текст покажува едно:

„Дека во комунистичката партија постои минимален компромис меѓу различните фракции. Политичкото раководство на Кина се уште работи во многу класично-традиционална смисла па не може да се распознае дали е во состојба да излее на крај со социјалните и економските проблеми и покрај успесите. Дури откако оваа битка за власт ќе биде решена и кога позициите ќе бидат појасни, ќе треба да се чека на следната заедничка позиција на партискиот конгрес во идната година„.

Обидот на раководството на партијата да го заврши спорот со едно очигледно слабо укажување, само ги охрабри учесницте спорот да го изнесат пред јавноста. Од името на левицата, професор Фанг Нинг, шеф на политичкиот институт на академијата за социјални науки во Пекинг остро ја нападна приватизацијата:

„Вистина постои спор околу реформите.И притоа веќе не игра никаква улога дали треба натаму да се одвиваат пазарно-економски реформи или не. Многу поважно е колку и да има пазарна економија таа не е возможна без учеството на државата. На пример кај најновите реформи во северо-источна Кина, се се одвиваше во ужасно забрзано темпо што ги игнорираше тешките проблеми. Една сосема здрава фармацевстка фирма во државна сопственост беше продадена со декрет. Бргу потоа, многу потрошувачи беа затруени од производите на реформираната фирма„.

Наспроти тоа, протагонистите на реформите сметаат дека Комунистичката партија одамна се откажала од чистата приватизација. Тие се загрижени и поради тоа што партијата и државата се повеќе се мешаат во економскиот живот при што во блиска иднина државните службеници како и менаџерите, ќе бидат сменети со партиски кадри. Ченг Хсијаонгонг, економски експерт во Принстон:

„Според моите сознанија, Комунистичката партија на Кина од нејзиниот 16 конгрес постигна консензус, односно став според кој таа мора да го јакне сеопштото водство. Таа мора да ја засили својата политичка контрола. Така гледано, тоа претставува огромно назадување, односно откажување од принципот за поделба меѓу партијата на една и владата на друга страна„.

Од маркистичката ливица тоа воопшто не се негира. Професорот Фанг Нинг бара уште повеќе социјализам:

„Во суштина таа поделба е многу тешка. Едно е јасно: државата мора до извесен степен да има право на сопственост и да располага со него. Само така, како што вели претседателот Ху Џинтао, може да се гарантира дека целиот народ ќе има корист од плодовите на реформите и отворањето. Ако се им припаѓа само на приватните газди, како во тоа да учествува и народот? Затоа мислам дека е неизбежно државата да има директна сопственост и да располага со неа, без оглед дали ориентацијата е кон добивка или не. Оттаму, владата не треба да ја спроведува само макро-економската контрола. Таа мора да биде вистински господар на стопанството„.

Решението за сето ова најверојатно ќе падне во наредната година кога ќе биде отворен 17-сеттиот партиски конгрес. Дотогаш има уште доста време, на пример за битка меѓу крилата која веќе сега ги предизвика првите жртви. Кинеската држава се повеќе го контролира пристапот кон ресурсите, на банкарските кредити, како и снабдувањето со вода и енергија. А на Интернет веќе започна дебатата за инаку, строго цензурираната тема: дали КП на Кина и натаму треба сама да владее или треба да се дозволи повеќе-партиски систем. За професор Сандшнајдер е сосема јасно каде оди КП на Кина:

„Таа и натаму ќе ја држи власта. Таа и натаму ќе ја управува судбината на земјата, но истовремено мора да прифати дека само прилагоденоста на политичките структури со променетите услови во земјата, може долгорочно да биде одржана стабилноста на земјата. Тоа е замката во која кинеската комунистичка партија самата се фати„.