1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Задачата е исполнета

Германската фудбалска репрезентација успешно го продолжува патот кон обезбедување пласман на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка.

default

Избраниците на селекторот Јоаким Лев, во саботата (28.03.2009) ги исполнија очекувањата и го совладаа аутсајдерот Лихтенштајн со 4:0. Ова беше четврта победа за Германија во петтиот квалификациски натпревар во четвртата група, со која ја задржа лидерската предност. Германија има 13 бодови, пред второпласираната Русија, која заостанува четири бода, но има и еден натпревар помалку. Веќе во среда (01.04.2009) Германците ги очекува потежок дуел против Велс на гостински терен во Кардиф.

Германците имаа и обврска да слават во првиот настап годинава, не само поради 43 илјадната публика на стадионот во Лајпциг, туку пред се‘ поради двата последни пораза од крајот на минатата година во двата пријателски дуели против Англија и против Норвешка. Резултатот уште во четвртата минута го отвори капитенот Михаел Балак кој по одличниот центаршут на Бастијан Швајнштајгер испрати вистинска волеј бомба во мрежата на противникот. Ова беше 40. гол за капитенот во неговиот 91 репрезентативен настап. Пет минути подоцна резултатот беше 2 спрема 0. Овојпат стрелец беше Марсел Јансен. До крајот на првото полувреме играта на Германците беше повеќе статична. По паузата и консултациите со селекторот Јоаким Лев, Германија го започна офанзивно второто полувреме. Третиот гол беше

WM Qualifikation Deutschland Liechtenstein Podolski

Подолски по постигнувањето на голот

дело на Бастијан Шванштајгер. Германците притоа имаа и малку среќа, бидејќи судиите превидоа очигледна офсајд ситуација во која се најде Лукас Подолски. Две минути подоцна самиот Подолски се запиша во листата на стрелците, за конечни 4:0. Напаѓачот на Баерн Минхен по натпреварот излезе со следнава оценка: „Секогаш е добро чувството кога ќе се добие еден натпревар на кој ќе се постигне и гол. Уште пред настапот изјавивме дека сакаме да победиме во овој и во наредниот натпревар. Денеска ги прокниживме трите бода, а наредните треба да ги освоиме веќе во среда“, изјави Подолски.

Обврската е исполнета

Селекторот Јоаким Лев извлече позитивен биланс: „Мислам дека ја исполнивме обврската. Сигурно дека можевме да постигнеме уште некој гол, но мислам дека репрезентацијата добро се ангажираше и постигна убав резултат. Воочливо, посебно на почетокот, беше дека играме офанзивно. Тоа беше случај на стартот од двете полувремиња. Но, мислам дека ова беше добар почеток за двата натпревара“, рече Лев.

Германија можеше да слави и поубедливо доколку ги искористеше бројните шанси. Во дефанзивниот дел избраниците на Лев немаа многу работа. Првиот шут кон голот противникот го имаше дури во 54 минута од

WM Qualifikation Deutschland Liechtenstein Trainer Löw

Тренерот Лев е задоволен

натпреварот. Голманот Роберт Енке не доби можност да ги покаже своите квалитети, но во однос на конечниот резултат секако дека беше задоволен: „Мислам дека требаше да постигнеме уште некој гол. На почетокот од двете полувремиња постигнавме по два гола, по што следуваше период во кој противникот се разбира дека се повлекуваше бидејќи не сакаше да биде торпедиран. Во такви услови, се разбира дека не е лесно да се најде патот до голот, но мислам дека севкупно земено е добро“, изјави Енке. Неговиот став го дели и селекторот Лев: „Се разбира оти очекувавме дека Лихтенштајн ќе игра дефанзивно со девет или десет играчи на нивната половина и ќе ја бара својата шанса преку контранапади. На тоа бевме подготвени. Мислам дека требаше да постигнеме уште неколку голови, имавме шанси. Но, севкупно погледнато, беше добро“, оцени Лев.

Македонските фудбалери пред тешка задача

Инаку во рамки на четвртата група Русија го совлада Азербејџан со 2:0. Со идентичен резултат Финска го совлада Велс на гостински терен. Од останатите натпревари интересен беше дуелот меѓу Белгија и БиХ кој гостите го добија со 4:2. Европскиот шампион Шпанија славеше со минимални 1:0 против Турција. Србија оствари значајна победа на гости во Романија од 3:2. Франција во Вилнус беше подобра од Литванија, 1:0. Црна Гора во Подгорица не успеа да ја изненади Италија која оствари сигурна победа од 2:0. Интересен беше и дуелот меѓу Холандија и Шкотска кој Холанѓаните го добија со убедливи 3 спрема 0. Холанѓаните покажаа дека се во добра форма, пред дуелот во среда против Македонија во Амстердам. Избраниците на македонскиот селектор Среќко Катанец се пред тешка задача. Од средината на минатата недела македонската експедиција се наоѓа во Холандија, каде се подготвува за исклучително важниот

Formel 1 Jenson Button und Rubens Barrichello

Џенсон Батон и Рубенс Барикело слават

натпревар. Првиот дуел меѓу овие две репрезентации во Скопје го добија Холанѓаните со 2:1.

Изненадувања во Формула еден

Шампионатот во Формула еден кој донесе неочекувани резултати. Џенсон Батон, возачот на Браун ГП, е победник на првата трка во новата сезона што се возеше на патеката во Мелбурн Парк. Батон од самиот старт водеше и стигна до првото место на подиумот. Одличниот викенд за дебитантскиот тим на Браун ГП, на Рос Браун го надополни Рубенс Барикело со втората позиција. Двојниот триумф за тимот на Браун Мерцедес е благодарение пред се’ на судирот меѓу Роберт Кубица и Себастијан Фетел на три круга до крајот. Фетел во тие моменти беше втор, а Кубица трет. Трет на подиумот се искачи Јарно Трули од Тојота, но подоцна третото место му припадна на светскиот шампион Луис Хамилтон, бидејќи било установено дека Трули претекнувал додека безбедносното возило било на патеката, со што доби казна од 25 секунди. Разочараа возачите на Ферари. Фелипе Маса остана без пласман, а Кими Раиконен заостана три круга. Следната трка се вози на 5. април во Сепанг за Големата награда на Малезија

Автор: Кале Копс / Костадин Делимитов

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска