1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Загубарите во ќорсокак

Судбината на загубарите останува неизвесна. За Охис, ЕМО, Тутунски комбинат Прилеп и Еурокомпозит, пред секој распишан тендер се најавува дека постои интерес, но работите тука завршуваат.

default

Има ли излез од ќорсокакот?

Дводеценискиот период на транзиција не донесе решение за овие фабрики кои произведоа стотици работници технолошки вишок и милионски загуби што се покриваат од буџетски пари. Работниците се незадоволни, Владата, како и сите претходни, демонстрира оптимизам дека има решение за актуелната ќорсокак-состојба.

По седум безуспешни обиди за да се најде купувач за Охис деновиве ќе се објави уште еден оглас за продажба. Владата размислува за нови порелаксирачки услови за инвеститорите: „Од контактите со инвеститорите и консултантите како главен проблем е бројот на вработени, но не долгорочно.

Regierungsgebäude der Republik Mazedonien

Владата демонстрира оптимизам

Сите инвеститори генерално се подготвени да вработат 400 до 500 луѓе во првата година и дополнителен број во втората година, условно кажано. Ова досега не беше прифатливо за вработените, но сега успеавме да најдеме заеднички јазик. Не размислуваме за продажба во четири очи и очекувам дека со овој модел може да успееме“, изјави за Дојче Веле министерот за економија Ваљон Сараќини.

За синдикатот на Охис е неприфатливо да има дополнителни отпуштања на работници: „Во моментов Охис се продава со 805 вработени. Ние како синдикат не прифаќаме насилно отпуштање, освен ако дел од вработените доброволно се пријават да си одат под одредени бенефицирани услови“, предупреди Пеце Ристевски од Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство.

Слична е состојбата и со останатите три загубари кои, за разлика од Охис кој запре со производство, некако функционираат. Според Сараќини, во моментов се готови акционите планови за Еурокомпозит и Тутунски комбинат и се чека рок од Владата за распишување на тендери за овие две фабрики: „Ситуацијата

20884915

Загубите изнесуваат милиони евра

со нив е малку поинаква од онаа со Охис. Очекувам до крајот на летото да го објавиме тендерот за продажба. За ЕМО Охрид разговаравме за преструктуирање во три друштва. Првото би било производство, второто проект и надзор на енергетските објекти и трето - монтажа и сервисирање“, вели Сараќини.

Во ЕМО, според него, веќе се работи на план за динамика, во Тутунски е добра состојбата во однос на платите, а за Охис било договорено со претставниците на синдикатот да се исплати една плата по ребалансот на буџетот. Инаку, само лани, Охис, Тутунски и ЕМО наталожија загуби во износ од 37 милиони евра, од кои 20,5 се од прилепскиот комбинат, а 13,7 од Охис. Државата во меѓувреме ги претвори долговите на загубарите во траен влог, но само сопствените побарувања, а не и оние на вработените и останатите доверители.