1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Загрозен ли е имиџот на даночна оаза на Кипар?

По пропаѓањето на планот за принудно одданочување на банкарските заштеди, Кипар сега се обидува со „план Б“, да го обезбеди сопствениот придонес во пакетот за спас од банкрот.

Предлогот предизвика гнев на Кипар: од заштеденото граѓаните треба да дадат придонес за надминување на банкарската криза во нивната земја. Овој план по бурните протести кипарскиот парламент одлучно го отфрли. Ниту еден пратеник дури и од владејачките партии не гласаше „За“ туку се воздржа од гласање. Многу експерти сметаат дека ове „Не“ од Никозија не е изненадување: „Во меѓувреме сме навикнати дека во такви кризни ситуации не преовладува смирено одмерување на фактите туку работите се сфаќаат многу емоционално“, објаснува Јозеф Јанинг од Германското друштво за надворешна политика.

Преголем или пак премал притисок

Јанинг истакнува дека вклучувањето на штедачите во мерките за спас било неопходно и смета дека овој предлог едноставно не и бил добро пренесен на јавноста. Имено тоа, според Јанинг бил обид да се заштитат токму интересите на многу мали и средни сопственици на влогови и оти политиката морала поофанзивно да го истакнува ова. „Алтернативата на ваквиот предлог е неликвидност на банките и тоа би значело дека се’ што не е покриено со осигурувањето на штедните влогови (со 100 илјади евра) би било изгубено“, изјави Јанинг. 

Zyperns Präsident Nikos Anastasiades am 17.03.2013

Кипарскиот претседател Никос Анастасијадес

Свен Гиголд европарламентарец од редовите на германската Партија на зелените покрај тоа смета дека преговорите меѓу министрите за финансии и на кипарската влада не се одвивале добро. Тој смета дека врз кипарскиот претседател Никос Анастасијадес бил извршен голем притисок, меѓу другото и со заканата дека ќе биде укината вонредната помош од Европската централна банка: „Тоа се методи кои не водат кон мирен соживот“. Гиголд меѓутоа признава дека  Кипар не покажал преголема иницијатива за справување со перењето пари или собирањето на даноците не била голема.

Без сопствен придонес не може“

Не само Гиголд и Јанинг сметаат дека во основа би било исправно да се посегне по банкарските депозити во „вонредниот случај на Кипар“. Со оглед дека во случајот станува збор за банкарска криза мора да смее да се праша каков придонес би можеле да дадат оние кои го користеле оваа примамлива банкарска оаза, истакнува европарламентарецот од редовите на германската Христијанско социјална унија Маркус Фербер. Политикологот Јанинг дополнува дека сопствениот придонес на Кипарците биле неопходен затоа што сретствата неопхофни за спасување на државата од банкрот се големи колку кипарскиот Брутоопштествен производ. Финансирањето на спасувачките мерки преку кредити значително би го зголемило долгот на Кипар кој како што вели Јанинг е делеку поголем од оние на останатите кризни држави.

Солидарен фонд“ наместо принуден данок

Без оглед како ќе биде финансирано спасувањето, на кипарските граѓани им е најважно најнапред банките во земјата да отворат што побргу. Поради стравување од навалица на банкарските клиенти и празнење на депозитите тие се затворени од минатиот викенд.

Можеби сега патот до таму го пробива т.н „Солидарен фонд“  предложен од владата во Никозија. 5,8 милијарди евра Кипраните треба да соберат сами за да можат да го добијат десет милијади евра тешкиот пакет финансиска помош од ЕУ. 

Во „Солидарниот фонд“ според планот на водечките политичари на Кипар, треба да се слеат пари од пензиските фондови и од Кипарската православна црква и потоа да бидат издадени вонредни обврзници за финансирање на државата. И кипарската централна банка со посегање по финансиските резерви треба да помогне да се наполни овој фонд. Принудниот данок на банкарските депозите во секој случај повеќе не е тема на Кипар. Делотворноста на новиот план кусо по неговото објавување предизвика определени сомнежи во Германија.

Борба меѓу даночните оази

Пратеникот во Бундестагот од редовите на Социјалдемократската партија, Јоахим Пос верува дека Кипар со одбивањето да посегне по банкарските депозити повеќе ги заштитува богатите отколку посиромашните и сака да го задржи својот имиџ на даночна оаза: „И кога се зборува за Кипар погледот веднаш паѓа и врз Луксембург, Холандија и други држави, кои играат валкана игра при стратегијата за одбегнување на оданочувањето, на која мора да и ставиме крај“.

И Јозеф Јанинг, од Германското друштво за надворешна политика проценува дека и  за другите земји (како на пример Луксембург) кои важат за даночни оази во ЕУ, истотака ќе се промени нешто: По кипарскиот случај во ЕУ севкупно се разбира ќе биде потешко да се оправдуваат такви екстремно примамливи услови“. Кипарскиот деловен модел , според Јанинг пропаднал. Тој смета дека по сегашното заострување на ситуацијата дури и самите руски олигарси ќе размислат дали Кипар и натаму е соодветно место за нивните парични влогови.