1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Загрозена е светската економија!

Жестокиот финансиски спор во САД, според ОЕЦД, го загрозува економскиот циклус на целиот глобус. Претседателот Барак Обама затоа ја покани на разговор целата пратеничка група на Републиканците, но доби-корпа.

„Актуелната политичка блокада непотребно ги загрозува стабилноста и економскиот растеж не само во САД, туку на целата светска економија“, соопшти Организацијата за меѓународна соработка и развој, ОЕЦД, според која, колку подолго трае блокадата во САД, толку поголема е загриженоста.

Ако должничкиот лимит на САД не биде подигнат навремено, земјите на ОЕЦД следната година ќе паднат повторно во рецесија, додека растежот во земјите во забрзан економски развој ќе биде забавен, предупредува организацијата.

„Размерите на натамошните негативни влијанија не можат ни да се предвидат“, нагласува ОЕЦД.

Загриженост изрази и ММФ. Платежна неспособност на САД би била веднаш почувствувана и ќе предизвика големи пореметувања на финансиските пазари во САД и странство, предупреди главниот економ Оливие Бланшар.

Од почетокот на минатата недела во САД е парализиран дел од државната администрација, зашто Републиканците и Демократите во Конгресот не можат да се договорат околу буџетот за фискалната 2014. година, која почнува на 1. октомври.

Откако со недели одбиваше да преговара за буџетската криза со опозициската Републиканска партија, претседателот на САД Барак Обама за денеска во Белата куќа ги повика на средба водечките републикански конгресмени, предводени од спикерот на Претставничкиот дом Џон Бенер.

Обама првично побара целата пратеничка група на Републиканците, од над 200 конгресмени, да дојдат во Белата куќа, но нивното раководство реши да не дозволи можност за разногласија меѓу Републиканците и на средбата да ги испрати само водечките конгресмени. Министерството за финансии во Вашингтон и ФЕД, како што се дознава од Вашингтон, веќе коваат планови за вонредни прилики во случај на платежна неспособност.

Едната можност, која ја понудија Републиканците, а за која и Обама се изрази позитивно, е да се донесе краткорочен буџет, со важност меѓу четири и шест недели, да се зголеми лимитот на американскиот долг и да се избегне поопасната од двете економски блокади со кои се соочени САД – забраната за нови задолжувања. Во меѓувреме, нема најави за брзо решавање на проблемот со блокирањето на буџетот на централната Влада, кое трае веќе девет дена. Републиканците се согласуваат на одделување средства за финансирање на Владата, но не и на здравствената реформа, наречена „Обамакер“. Обама и Демократите во Сенатот не се согласуваат со ваквите предлози и бараат да бидат предвидени пари и за „Обамакер“.