1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Загриженост поради состојбите во Македонија

Практиката на бојкот, без оглед на околностите, е неприфатлива, бидејќи парламентот е институцијата во која мора да се разговара за сите проблеми во државата, изјави денеска евроамбасадорот во Македонија, Ерван Фуере.

default

Ерван Фуере бара напори за спроведување на препораките за дијалог

„Факт е дека земјата сега се соочува со парламентарна криза. Многу е важно, Владата да вложи напори, заедно со сите партиски лидери, да се усвојат препораките на Европската комисија од извештајот за напредокот. Таму јасно пишува дека политичкиот дијалог мора да биде начинот на кој ќе се решаваат проблемите во земјата. Сите знаеме дека политичкиот дијалог досега беше слаба точка. Препораките се’ се уште таму и ние се надеваме дека владата и политичките лидери ќе ги прифатат и ќе ги спроведат тие препораки“, изјави Фуере.

И од амбасадата на САД во Скопје денеска изразија загриженост поради развојот на состојбата во земјата.

„Ние сме загрижени поради актуелните кризи во Македонија: закани по независни медиуми, по независно судство и по процесот на евро-атлантските аспирации на земјата. Исто така, загрижени сме за состојбата со политичкиот дијалог во Македонија и повикуваме на отворена дебата меѓу граѓаните во Македонија, владата и институциите, како клучни елементи за тој дијалог и за развојот на едно динамично, отворено општество“, се наведува во соопштението на Амбасадата на САД, потпишано од Анџела Агелер, шеф на Канцеларијата за односи со медиуми.

Автор: БГ/СТ/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Поврзана содржина