1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Загриженост поради вонредната состојба во Пакистан

*

По воведувањето вонредна состојба во Пакистан, ЕУ ја повика тамошната влада да се држи до демократските принципи.Високиот ЕУ претставник Хавиер Солана побара од претседателот Мушараф да не менува планираниот термин за парламентарните избори.Брисел ги разбира тешкотиите на Исламабад,но решение не е ограничување на демократските процеси.И САД,Велика Британија, како и соседна Индија, реагираа со голема загриженост.

Но,САД најавија дека и натаму воено ќе го помагаат Пакистан во борбата против тероризмот.Пакистан е важен сојузник на САД во борбата против Ал Каеда и Талибанците во соседниот Авганистан.