1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Загриженост на министрите за финансии

Американскиот долар во стрмоглав пад, валутите на развиените земји, особено еврото, на рекордни нивоа. Јапонија бара заедничка интервенција, Европската централна банка ги задржува каматите:

Еден долар и едно евро...за доларот не е потребно цело евро!

Еден долар и едно евро...за доларот не е потребно цело евро!

Министрите за финансии на Јапонија и на повеќе европски земји се загрижени поради загубите на курсот на доларот. Јапонскиот министер Садакацу Танигаки соопшти дека ќе биде разгледана можноста за заедничка интеревција на различните пазари за да се запре обезвреднувањето на доларот. Европејците од своја страна укажуваат дека моменталното рекордно ниво на еврото му наштетува на стопанството. Во Лондон претпладнето еден долар вредеше евро и 3384 центи, а на другите берзи во Европа се менуваше за евро 3367 центи. Иако доларот слабее, Советот на Централната европска банка денеска реши да не ги менува есконтините камати, но оптизмиот за конјунктурата заврши. Овој впечаток го изнесе уште во вторникот претседателот на оваа банка Трише кој во Брисел изјави дека порастот во идната година ќе изнесува околу 2, а не како што се проценуваше досега, 2,3 насто. Централната европска банка инаку, курост на еврото го фиксираше на евро и 3294 центи, па така за еден долар треба да се платат 0,7522 евра.