1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Загриженост во Иран

По неколкунеделни преговори меѓу петте земји со право на вето и Германија во спорот со нуклеарната програма на Иран, воведувањето санкции против Техеран е практично пред врата. Тие можеби ќе бидат донесени веќе денеска. Затоа и не е чудо што од Иран со напрегнатост се гледа во насока на Њујорк.

Махмуд Ахмадинеџад говори едно, граѓаните мислат друго

Махмуд Ахмадинеџад говори едно, граѓаните мислат друго

Иако иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад наголемо раскажува нешто друго, во Иран расте загриженоста поради можна резолуција на ОН која би предвидувала санкции против Техеран.

Иранците се загрижени пред се поради две работи. Прво, во Техеран досега постојано се сметаше дека Русија проади нејзиниот интерес за атомски бизниси со Иран ќе биде против резолуција. Но, се чини таквиот брод сега почна да се движи во спротивна насока. Освен тоа, недовербата е уште поголема поради фактот дека од Кина не доаѓа спротивставување, и покрај тоа што во четвртокот со народата република беше склучен договор за земен гас тежок 16 милијарди долари. Се чини Кина прави разлика меѓу водење бизнис и атомска програма.

Има уште една работа која во Иран предизвикува загриженост, а тоа е инвестиции кои ќе изостанат. Со резолуција на ОН странскиот капитал во Иран би бил уште помал отколку досега, што би ја ставило економијата под голем притисок. Од стапувањето на должност на Ахмадинеџад и онака најголемиот дел странски инвеститори се повлекоа од земјата. Отпуштањата од работа се се почести, инфлацијата расте. На земјата и требаат странски инвестиции, но резолуција на ОН би била јасен сигнал дека Иран не е земја од доверба.