1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Загриженост во Берлин за состојбата во Франција

Еден од водечките функционери на германските Либерали изјави дека е многу загрижен поради состојбата во Франција и предупреди од тешки последици доколку тамошната економија не се опорави

Рајнер Бридерле (на фотографијата), искусниот политичар и поранешен министер кој е на чело на изборниот штаб на германските Либерали за претстојните парламентарни избори, за весникот Ханделсблат изјави дека одлуката на француската влада да ги зголеми даноците е „фундаментално погрешна“.

„Јас сум многу загрижен за Франција. Кризата во другите земји можеше да се поднесе, но доколку Франција не застане на нозе, тоа ќе биде трагично... Ние не можеме да управуваме без Франција“, рече Бридерле, кој е поранешен министер за економија во владата на Ангела Меркел, а неговата партија е дел од владејачката коалиција.

Франција е под притисок од своите соседи во еврозоната да ги исполни ветувањата за реформи со кои треба да се зголеми нејзината конкурентност и да се намалат трошоците, а социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд вети дека ќе го реформира и задолжениот пензиски систем.

Втората по големина економија во еврозоната се наоѓа во рецесија од првиот квартал годинава и го загуби својот висок рејтинг, тројно А, кај рејтинг агенциите, што се смета за особено тежок удар за обидите на Оланд да ја живне економијата.