1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Загина Тоше Проески

Македонската и балканска музичка ѕвезда не ја преживеа сообраќајната несреќа што се случи утрината во близина на Загреб

default

Според официјалните информации Тоше Проески починал на лице место по кобниот дудар со камионот со италијански регистрации. Македонскиот пејач седел на совозачкото место а со него во возилото што се движело во правец на Загреб – како што изјави портпаролката на бродско-посавската полициска управа Ката Нујиќ биле и 32 годишниот Ѓорѓе Ѓорѓески возач на џипот од марката Туарег и 49 годишната Лилјана Петровиќ истотака македонски државјани.

Истражниот судија потврди дека Петровиќ, менаџерката на Тоше Проески е полесно повредена и во свесна состојба додека Ѓорѓески е потешко повреден.

Иако првобитно се шпекулираше дека во возилото биле и родителите на загинатиот пејач , полицијата го демантираше тоа. За несреќата таа ја известила македонската амбасада во Загреб . Инаку на местото на сударот сеуште се истражуваат причините поради кои џипот во кој се наоѓал Тоше Проески удрил во левиот дел на приколката на камионот , по што ја изгубил контролата и удрил во заштитната ограда . ´

Тоше Проевски е единствен странски пејач кој ја освои награда на Хрватскиот радио фестивал . Неговата песна “Срце не е камен” минатата година беше најпуштана песна во хрватскиот етер. Последниот албум Игри без граници тој го објави во август. Веста за неговото загинување, сите хрватски медиуми ја објавуваат во ударните емисии.