1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Загина кенискиот министер Џорџ Саитоти

Во несреќа на полициски хеликоптер што денеска (10.06) се случи во близина на Најроби, загинаа седум лица, меѓу кои и министерот Џорџ Саитоти.

Според кениската полиција, во несреќата што се случи денеска, загинал министерот за внатрешна безбедност, кој во еден период беше и вице-претседател на Кенија, Џорџ Саитоти. Саитоти, инаку по професија економист и математичар кој се образувал во Америка, беше еден од највлијателните политичари во Кенија. Тој минатата година соопшти дека има намера да се кандидира за претседател на земјата на изборите во 2013 година.

Кои се причините за несреќата, во која покрај министерот загинаа и неговиот заменик Џошуа Орва Оџоде, двајца телохранители и пилотите, засега не е познато. Полицијата единствено соопшти дека претставници на владата ќе го посетата местото на несреќата, во планините Нгонг околу кенискиот главен град.

Поврзана содржина