1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Загина американскиот актер Пол Вокер

Пол Вокер стана познат со улогата во акциските филмови „Брзи и бесни“, во кои станува збор за нелегални трки со автомобили. Сега 40 годишниот актер загина во сообраќајна несреќа, враќајќи се од автомобилско шоу.

Американскиот актер Пол Вокер, познат по улогата во серијалот акциски филмови „Брзи и бесни“ загина во тешка сообраќајна несреќа во јужна Калифорнија, потврди неговиот портпарол Ејм Ван Ајден.

Вокер (40), кој играше во пет од вкупно шест продолженија на филмот со нелегални улични трки, бил совозач во автомобилот „Порше Карера“, со кој управувал негов пријател, кој исто така загинал во сообраќајната несреќа. Несреќата се случила во близина на калифорнискиот град Санта Кларита.

Полицијата досега само ја потврди сообраќајната несреќа, но не даде никакви информации за идентитетот на загинатите.

Според податоци на портпаролот на Вокер актерот претходно бил на манифестација за доброволни цели - автомобилско шоу за жртвите од тајфунот на Филипините. Вокер пред речиси четири години, по земјотресот на Хаити во јануари 2010, ја формираше организацијата „Reach Out WorldWide“ која има за цел да им помага на жртвите од природни катастрофи.