1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Загинати и повредени во серија експлозии во Багдад

Насилството во Ирак во последно времо повторно значително се зголеми. Во нови бомбашки напади денеска во Багдад загинаа најмалку 17 лица а десетици други се повредени.

Во главниот град на Ирак утрината (5.2.2014) експлодираа три автомобил-бомби. Експлозиите се случиле во близина до строго обезбедуваната Зелена зона во центарот на Багдад, каде што се наоѓаат владини згради, вклучувајќи ја зградата на премиерот, и неколку западни амбасади. Најмалку 17 лица загинале во нападите а десетици други се повредени.

Експлозиите одекнаа по само еден ден откако во Зелената зона паднаа две ракети, со што се зголемува сомнежот во способноста на ирачката влада да ги заштити стратешките места додека состојбата во земјата постојано се влошува.

Две автомобили-бомби биле паркирани и експлодирале на спротивната страна на улицата, каде се наоѓа Министерството за надворешни работи на Ирак . Другиот автомобил бил управуван од бомбаш-самоубиец. Насилството во Ирак во последно времо повторно значително се зголеми. Така според податоците на ОН само во јануари во нападите во Ирак загинале најмалку 733 лица. Во заднината на зголеменото насилство стои гневот на сунитското малцинство и незадоволството од шиитски доминираната влада на премиерот Нури ал-Малики. Многу сунити ја обвинуваат владата дека ги дискриминира.