1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Загинати и повредени во нов напад во источна Либија

Во источниот дел на Либија, кој и две години по крајот на крвавата граѓанска војна и натаму е средиште на постојани напади и судири, денеска повторно беше извршен самоубиствен бомбашки напад, кој однесе многу жртви.

Бомбаш-самоубиец денеска (22.12.2013) изврши напад врз воена база во близина на Бенгази, во источна Либија и уби седум војници, а 15 се ранети, соопштија претставници на безбедносните и медицинските власти. Напаѓачот го активирал експлозивот во автомобилот во кој се наоѓал пред воената база во Барсиса, на 50 километри од Бенгази.

„Од силата на експлозијата телата на жртвите целосно се распрскале“, изјави либискиот полицаец Моетез ал Агури и додаде дека постои можност бројот на жртвите да се зголемува.

Еден од очевидците изјави дека експлозијата оставила голем кратер во земјата. Ситуацијата во источниот дел на Либија, и две години по крајот на крвавата граѓанска војна, сѐ уште не е стабилизирана. Во регионот околу градот Бенгази во пролетта 2011. година започна бунтот против долгогодишниот властодржец во Либија, Моамер Гадафи, кој еруптираше во граѓанска војна, која заврши со соборување на Гадафи од власт и негово убиство. Многу од поранешните бунтовнички милиции оттогаш одбиваат да го предадат оружјето и речиси секојдневно има напади врз припадници на војската, полицијата, правосудството и владата.

Во петокот (20.12.2013) среде улица беше убиен раководителот на воената тајна служба во Бенгази. Во серијата напади во изминатите неколку месеци, во градот загинаа над 300 лица.