1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Загинати и повредени во напад во Њу Делхи

Индиската влада ја осуди експлозијата на бомба пред Врховниот суд во Њу Делхи, нарекувајќи ја „терористички напад“. Најмалку 9 лица загинаа во нападот.

default

Полицијата пристигна веднаш на местото на експлозијата во Делхи

Терористичкиот акт е обид за дестабилизација на земјата и сеење страв, се вели во изјавата на министерот за внатрешни работи П. Чидамбарам, прочитана денеска во парламентот. Чидамбарам наведува дека индискиот главен град е „цел на терористички групи“, но наведува дека во моментов не е можно да се дојде до луѓето што го организирале нападот.
Во експлозија на бомба пред Врховниот суд во Њу Делхи денеска загинаа најмалку девет лица, а повредени се 45. Според полицијата, експлозивот бил најверојатно депониран во куфер на еден од влезовите во зградата. За влез во зградата на судот, во моментот на експлозијата, чекале во ред повеќе десетици луѓе. Врховниот суд се наоѓа во непосредна близина на индискиот парламент и кабинетот на премиерот Манмохан Синг.

Автор:ЕМФ/СН/ртр/дв

Редактор: Симе Недевски