1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Загинати во безредија во сиромашен мигрантски кварт во Ријад

Во безредијата предизвикани од илегални доселеници во сиромашна населба во саудискиот главен град, загинале две лица, речиси 70 се повредени. Тоа се први инциденти од почетокот на кампањата против илегалната имиграција.

Полицијата во главниот град на Саудиска Арабија соопшти дека илегалните доселеници во населбата Манфуха во текот на изминатата ноќ со камења и ножеви нападнале припадници на домашното население и други странци, на што реагирале безбедносните сили. Притоа во судирите загинале две лица, а 68 се повредени. Во соопштение од полицијата се вели дека загинал еден Саудиец и оти меѓу ранетите има 28 Саудијци. Уапсени се 561 лице, но не се прецизира дали се тоа имигранти. Во сиромашниот кварт Манфуха во јужниот дел на Ријад има голем број имигранти од африканско потекло.

Безредијата следуваат по почетокот на жестоката кампања на саудиските власти против странските работници на црно. По завршувањето на рокот за доброволно заминување од земјата пред точно една недела, полицијата уапси илјадници нелегални работници од странство без соодветните документи за работа и престој во земјата. Притоа станува збор пред сѐ за ефтина работна сила односно луѓе кои доаѓаат од јужна Азија, Африка и Јемен. Во кралството Саудиска Арабија, кое инаку е богато со нафта, живеат вкупно 27 милиони луѓе од кои околу 9 милиони се доселеници.