1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Загатка околу Ал Масри, шефот на Ал Каеда за Ирак

Американската влада се‘ уште нема доверливи докази за смртта на лидерот на Ал Каеда во Ирак, Абу Ајуб ал Масри. САД во соработка со ирачките власти се обидуваат да ги проверат ваквите информации – порача министерот за одбрана Роберт Гејтс.

Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс

Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс

Информацијата за смртта на Ал Масри потекнува од ирачкото министерство за внатрешни работи. Директорот на националниот команден центар, генералот Абдул Карим Халаф на државната ирачка телевизија изјави дека разузнавачки извори тврдат оти шефот на Ал Каеда за Ирак настрадал во престрелка со ривалски сунитски групи. Слична информација дојде и од заменик претседателот на ирачката влада, Бархам Салех:

“Согласно извештаите со кои располагаме, тој бил убиен веројатно вчера во регинот на Таџи, во борба на екстремистички групи со припадници на сунитски племиња, кои имаат проблеми со Ал Каеда.“

Во борбите во близината на градот Ал Таџи не учествувале ниту ирачки безбедносни сили, ниту пак американски. Затоа телото уште не е пронајдено и ирачките власти не можат да ја потврдат информацијата.

На една исламистичка интернет страна во меѓувреме се појави демант на ваквите тврдења. Групата што се нарекува “Исламистичка држава во Ирак“ тврди дека Ал Масри не е убиен и дека и понатаму се бори против непријателите на Бога. Абу Ајуб Ал Масри го наследи на челната функција на Ал Каеда во Ирак Јорданецот Абу Мусав ел Заркави. Името Ал Масри всушност значи дека тој е Египќанец, но никој не може да ја потврди веродостојноста на таквата информација. Во изминатите речиси една година откако тој ја презеде челната функција во терористичката организација имаше во повеќе наврати слични информации за негово убивање. Но, ниту една од нив не се покажа како веродостојна. Затоа и ирачките и американските власти сега не се избрзуваат, туку чекаат дефинитивна потврда.

Но, експертите тврдат дека дури и ако се потврди смртта на Ал Масри, тоа нема ништо да смени во ситуацијата на теренот. Надежите дека Ал Каеда ќе ослаби по загинувањето на Ел Заркави во американски воздушен напад, останаа попусти. Напротив серијата терористички напади дури се интензивираше.