1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Загарантирани пратенички места, да или не?

Албанските партии се против предлогот во македонскиот парламент да има загарантирани места за помалите етнички заедници. Дел од експертите велат - аргументацијата дека се нарушува Бадинтеровиот принцип не важи.

default

Идејата за места по клуч предизвикува реакции

Расправата околу Изборниот законик во Македонија е повторно закочена, а предлогот за постоење загарантирани пратенички места на помалите малцински заедници се‘уште не е ни на дневен ред.

Според работната верзија на Законикот, би требало да се гарантираат десет пратенички места, 4 за Турците, по 2 за Србите и Ромите и по едно за Власите и Бошњаците. Но, од албанските партии негодуваат дека со ова може да се наруши Бадентеровиот принцип. Со ова не се согласуваат дел од експертите и претставниците на помалите етнички заедници.