1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Завршува Самитот на Г8

*

Лидерите на Г8 на денешната средба со претставниците на Африка, постигнаа договор за нова помош за африканскиот континет. Во временски рок од пет години ќе бидат доделени 60 милијарди долари за борба против сидата и маларијата на црниот континент. Претходно лидерите постигнаа и компромис за борбата против климатските промени. На денешниот, последен ден лидерите се согласија за засилување на борбата против тероризмот, а на Иран му се заканија со можни нови санкции ако не ја прекине спорната атомска програма. Тридневниот самит во Хајлигендам завршува денеска.