1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Завршува саемот со „смартфони на четири тркала“

Во германскиот град Франкфурт на Мајна денеска (22.09) завршува еден од најголемите саеми на автомобили во светот. Ова 65. издание на манифестацијата е оценето како успешно и ја докажа иновациската моќ на браншата.

На годинешниот саем на автомобили во Франкфурт на Мајна (ИАА 2013) некои од темите кои привлекоа најголемо внимание беа економичноста, ефикасноста и мобилноста. Но саемот покажа дека авотмобилите без возачи кои до неодамна се сметаа за научна фантастика стануваат реалност. Како што можеше да се види во Франкфурт автоиндустријата и производителите на електронски уреди наголемо го развиваат т.н вмрежен автомобил- возило кое треба побрзо да поминува низ сообраќајните метежи, да биде побезбедно и помалку да ја загадува животната средина, бидејќи со него управува компјутер, а не човек.

Компанијата Дајмлер сака да настапува во голем стил и тоа го го докажа и на саемот во Франкфурт, кога генерелниот директор на германскиот концерн, Дитер Цече на подиумот се довезе на задното седиште на моделот Мерцедес с500 и тоа без возач.

Револуција на автоиндустријата?

Нареден голем тренд, судејќи според мислењата на стручњаците во Франкфурт, треба да биде автомобил со интернет конекција, кој ќе има многу функции кои ги имаат денешните смартфони. Производителите на автоделови како Бош и Делфи, но и фирми како Нокиа и Гугл, ќе го имаат главниот збор во тој нов тренд. Експертот за автомобили Штефан Брацел потсетува дека Гугл одамна експериментира со модели на Тојота кои се управувани од страна на компјутер. „Навистина е така. Големите технолошки придвижувања често доаѓаат надвор од авто-индустријата“, вели Брацел

Веќе постојат многу системи кои им помагаат на возачите: сателитско наведување, сензори за паркирање, па и за дожд. Промените се случуваат уште побргу бидејќи на пазарот се пробиваат автомобилите на струја, вели шефот на одделот за иновации на Фолксваген Хајнц Јакоб Нојсер. „Денешните електро-автомобили имаат вмрежени системи. Тоа ќе се појави и во обичните автомобили и тоа е убава работа, бидејќи така ќе се подобри сообраќајот“, вели Нојсер.